Home » , » Клиперс го доведуваат Вили Грин од Атланта

Клиперс го доведуваат Вили Грин од Атланта

Written By Dragan on 31.7.12 | 13:43

Лос Анџелес Клиперс денеска го доведоа во своите редови Вили Грин од Атланта Хокс, во замена за правата врз Софоклис Шорцанитис. Детали од договорот сепак не беа соопштени.

Грин во НБА настапува 9 години и има во просек 9.1 поен по натпревар, 1.9 скокови и 1.5 асистенции. Во 53 натпревари кои ги изигра во тимот на Атланта мината сезона постигнуваше по 7.6 поени по натпревар во 17.4 минути проведени на паркетот.

Шорцанитис пак, беше драфтуван од Клиперси како 34. пик во 2003 година, но никогаш не заигра за тимот. Панатинаикос и Макаби Тел Авив беа неговите два последни тима за кои настапуваше.

0 comments:

Post a Comment