
Чикаго Булси ова лето направија многу замени и измени во тимот, заменија многу резервин играчи.Најновото доаѓање е доаѓањето на енергичниот Нејт Робинсон.
Договорот се уште не е официјално објавен, но веќе официјалната интеренет страница на НБА лигата го објави овој договор и се одчекува во наредните денови Нејт да потпише официјално со ’Биковите’.
Ова лето од Булси си заминаа С.Џ Вотсон, Кајл Корвер, Џон Лукас, Омер Ашик и Рони Бруер, додека нив ги наследија Владимир Радмановиќ, Назр Мухамерд, Кирк Хајрник и Марко Белинели како и изброт од драфтот Маркус Тиг.
Робинсон е трикратен шампион во забивање и во последните 3 години промени 4 тима.Минатата сезона играше за Голден Стејт каде просечно постигнуваше 11,2 поени и 4,5 асистенции по натпревар.
0 comments:
Post a Comment