Home » , » Јута Џез потпишуваат едногодишен договор со Ренди Фој

Јута Џез потпишуваат едногодишен договор со Ренди Фој

Written By Dragan on 24.7.12 | 15:04

Ове не е потег што драстично би ги сменил "џезерите" во играта, но тие собраа уште еден ветеран од слободните агенти. Ренди Фој успеал да постигне договор на една година со Јута Џез.

Со овој потег, Ренди Фој е вториот играч од ЛА Клиперс што им се придружува на Јута Џез, по трејдот на Мо Вилијамс во Солт Лејк Сити.

Фој стартуваше 48 натпревари за ЛА Клиперс минатата година, а за овие стартови треба да и се заблагодари на повредата на Чонси Билапс, кој беше стартер на почетокот на сезоната на втората бековска позиција.

Ренди постигнуваше по 11 поени по натпревар, но реализираше само 39% од поле. До некаде, тоа е оправдувачки, бидејќи 38 % реализираше од линијата за 3 поени.

Клиперс го добија Ник Јанг преку трејд на крајот на преодниот рок во Март, но Фој беше доволно добар за да ја задржи стартната шутерска позицја пред Ник Јанг. 


0 comments:

Post a Comment