Home » , » Хауард сеуште посакува заминување од Орландо

Хауард сеуште посакува заминување од Орландо

Written By Anonymous on 27.7.12 | 10:50

dwight-howard-andrew-bynum


Вечерва беше одржан состанок помеѓу челниците на Орландо Меџик и Двајт Хауард. Моментално најдобриот центар во НБА лигата ја повтори својата изјава од почетокот на летото, а тоа е дека сака да го напушти тимот од Орландо во најбрз можен рок.

Драмата околу неговото напуштање на Орландо и понатаму трае. Состанокот со челниците немаше никаков напредок. Генералниот менаџер на Меџик Роб Хениган и неговиот помошник Скот Пери наводно не побарале од него да се откаже од барањата кои ги имал поставено околу размената, туку само сакале да ги развијат односите со Хауард бидејќи тие се новите челници на екипата од ова лето. Хауард изјави дека не посакува да има никакви односи со нив бидејќи сака да ја напушти екипата пред почетокот на сезоната.

Извор на Јаху Спортс дознава дека Хауард посакува размена со Лос Анџелес Лејкерс пред да почне сезоната. Доколку размената не ја оствари до почетокот на сезоната, Хауард посакува во средината на сезоната која претходи да им се придружи на Бруклин Нетс (бидејќи Нетс тогаш ќе можат да ги менуваат играчи со кои има потпишано нови договори). Ако и таа опција се покаже како неуспешна, Двајт Хауард на крајот на сезоната како слободен играч ќе го облече дресот на Далас Маверикс.

Очигледно е дека Хауард нема намера да го продолжи договорот со Орландо и дека ќе го напушти тимот оваа или следната сезона. Единствено што не ни е познат е тоа каде тој ќе замине. Тој дури се откажа од првичните барања околу неговиот трансфер се со цел што побргу да замине од Орландо. Во наредните денови најверојатно Хауард повторно ќе го промени своето мислење и ќе добиеме ново поглавје во сагата околу неговиот трансфер.

Сета оваа ситуација станува по малку комична каде што просечен НБА критичар би требало да ја игнорира секоја вест поврзана со Хауард и единствено да чека официјална потврда за негов трансфер. Сепак, не е до Хауард дали ќе биде направена размена или не. Последниот збор го имаат челниците на Орландо Меџик. Тие ја чекаат најдобрата понуда за Орландо и со истата да можат да му овозможат реконструкција на тимот од нула. Освен ослободувањето на Двајт, Орландо има намера да ги ослободи и Туркоглу, Џејсон Ричардсон, Дејвис, Духон. Екипата која го посакува Хауард најверојатно ќе мора да превземе и некој од нивните договори.

Времето полека поминува, екипите ги пополнуваат своите ростери, а челниците на Орландо немаат многу време за чекање. Доколку не успеат да направат размена, можат на крајот од сезоната која претходи да останат без Двајт Хауард бидејќи ќе биде слободен играч,а за возврат да останат со празни раце. Тогаш би било речиси невозможно да се ослободат од договорите со горенаведените играчи на кои им преостанува барем уште по 2 сезони до истекувањето на договорите. Тоа претставува многу време за чекање во тимот на Орландо за да започнат со негова реконструкција кој би бил конкурентен во Истокот.

0 comments:

Post a Comment