Home » , » Лејкерси го претставија Џејмисон

Лејкерси го претставија Џејмисон

Written By Anonymous on 27.7.12 | 11:02


antawn-jamison
Лос Анџелес Лејкерси официјално на конференцијата за новинари го претставија своето најново засилување.Ентоан Џејмисон со кој потпишаа како слободен играч.


Ветеранот кој во својата кариера има играно за 4 тима, и е два пати избран на ОЛ СТАР.Да додадеме дека во 2004 беше најдобар 6ти играч на лигата.Џејмисон во Лејкерси би требало да влегува од клупата.

“Да се биде во голема организација, опкружен со одлични играчи, одличен тренер....тоа дефинитивно е голем ден за мене и се надевам за Лејкерси“ - вели Џејмисон.

Џејмисон до сега нема НБА титула, па е многу возбуден што ќе игра во тим кој секоја година се бори за титулата.Со Лејкерси потпиша едногодишен договор чиј износ е ветерански минимум од 1.35 милиони долари.

Џејмисон од 2009 година до 2012 година играше за Кливленд.Се придржи во тимот кој со ЛеБрон имаше визии да освои титула.

“Последните две години во Кавси беа тешки.Сакав можност за титула, бидејќи никогаш немав прилика да бидам дел од тим кој се бори за неа.По неуспехот и заминувањето на ЛеБрон се осеќав дека тоа е веројатно последна шанса која можев да ја добијам“ - вели Џејмисон.

“Последните две сезони имав прилика да бидам заменет, но тоа не се случи.Останав фокусиран и позитивен“.

Со играта и едноставно добрата среќа, Џејмисон сега знае точно каде да биде.Со играчи како Брајант, Гасол, и Бајнам Лејкерси имаат огромен потенцијал за титулата.

Џејмисон веќе имаше прилика да игра со Неш во Далас во 2004 година.Тој Неш го пофали како најдобар ’чист’ плејмејкер по Џон Стоктон.Во својата 14 - годишна кариера Џејмисон е на просеци од 19,5 поени и 7,9 скока.





0 comments:

Post a Comment