Home » , » Џон Лукас III во Торонто, трет плејмејкер во редовите на Рапторс

Џон Лукас III во Торонто, трет плејмејкер во редовите на Рапторс

Written By Dragan on 28.7.12 | 13:02

Претходно беа само шпекулации. Сега е и официјално. Торонто Рапторс потпишуваат договор со Џон Лукас III.

Џон Лукас ја отвори својата играчка ера во Чикаго кога Дерик Роуз беше повреден, во поголем дел од сезоната. Беше замена на С.Џ. Вотсон и одлично се вклопи во ротацијата како бек и плејмејкер.

Сега, во Торонто повторно Лукас е трет плејмејкер (по се, изгледа дека наставката III - трети во неговото презиме означува нешто). 
Кајл Лаури ќе ја има стартната позиција, Хосе Калдерон најверојатно ќе биде замената на Лаури. Рапторс подолго време се обидуваат да го трејдуваат, но по се излгеда дека нема добра цена за него. Барем не сеуште. Покрај овие двајца плејмејкери, Џон Лукас би требало да минимална минутажа од клупата, но доколку се случи повреда очекувајте добра игра од него.

0 comments:

Post a Comment