Голден Стејт Вориорс успеаа да постигнат 2 - годишен договор со Брендон Раш, во кој ќе заработува 8 милиони долари. Со ова, Вориорс го задржуваат во своите редови еден од клучните шутери и играчи од клупата во нивниот тим.
Брендон Раш минатата сезона постигнуваше по 9.8 поени по натпревар и им носеше одлична замена за Клеј Томпсон, Монта Елис и Стефан Кари на бековските позиции.
Некои можеби сеуште ќе речат дека овој состав на Голден Стејт не е солиден за сигурно плеј-оф место, па можеби и загарантирана 6. позиција, но потезите што ги направија генералните менаџери во тимот се погласни од зборовите.
Со потпишувањето на Раш, клупата на Вориорс излгеда вака: Џерет Џек, Ричард Џеферсон, Карл Лендри, Андрес Биендрис, Чарлс Џенкинс и рукито Дајмонд Грин.
Кога овие играчи од вториот план, би се вклопиле со стартерите Стефан Кари, Клеј Томпсон, Харисон Барнс, Дејвид Ли и Ендру Богут, тоа би ги направиле воините од Оукленд сериозен плеј-оф тим.
0 comments:
Post a Comment