
Иако беше дел од преговорите, центарот на шпанската репрезентација Пау Гасол најверојатно ќе остане во ЛА Лејкерс.
Најголема работа сега имаат челните луѓе на Филаделфија, бидејќи Бајнам мора да реши дали ќе потпише тригодишен договор вреден 60 милиони долари или ќе почека до следното лето кога ќе биде слободен агент и кога ќе може да добие петгодишен договор кој би му донел 102 милиони долари.
Размената на четирите тима ќе биде официјализирана денеска, кога се очекува да започне нова ера во НБА лигата. Лејкерси автоматски стануваат еден од најголемите фаворити за титулата. „Езерџиите“ сега го имаат најдобриот тандем бек-центар и се очекуа Хауард и Коби Брајант да бидат она што на почетокот на 21-от век беа Коби и Шекил О`Нил.
Добро во целиот трејд мина и Филаделфија, иако својот најдобар играч го испрати во Денвер. Филаделфија го доби вториот најдобар центар во лигата, додека Денвер значително ја засили центарската линија. Од друга страна, Орландо ќе тргне во целосна реконструкција на тимот.
0 comments:
Post a Comment