Home » , » Делфино ќе потпише со некој НБА тим по завршувањето на Олимпијадата

Делфино ќе потпише со некој НБА тим по завршувањето на Олимпијадата

Written By Anonymous on 10.8.12 | 12:11


Карлос Делфино можеше лесно да се превиди во НБА лигата последните неколку сезони - изигра 53 утакмици како стартер за Милвоки Бакс минатата сезона. Постигнуваше просечно по 9 поени по натпревар и имаше 36% ефикасност од линијата за 3 поени, но немаше некое големо влијание врз утакмиците.

Во петок ќе ја има клучната улога во тимот на Аргентина во натпреварот против САД, како нивни 3 стрелец. Поентира по 15.3 поени по натпревар со ефикасност од 49.3%. Тоа ве тера да мислите дека тој може да биде од корист на некој од НБА тимовите.


Како што Марк Стајн дознава, Делфино ќе потпише договор со некој од НБА тимовите.

"Денес налетав на Карлос Делфино. Тој не сакаше да навлегува во детали, но кажа дека ќе потпише за некој НБА тим по завршувањето на Олимпијадата."- изјавил Стајн.

Не се знае точно кој од тимовите ќе ги добие услугите на Делфино. Се чинеше дека Хјустон е фаворит, но и Кливленд беа тука некаде, барем додека на склучија договор со Си-Џеј Мајлс.

Тренерот на Бостон, Док Риверс, во Лондон како студио аналитичар за NBC, изјави дека би сакал да го има Делфино во редовите на својот тим, но за жал Селтикс не можат да си го дозволат тоа.

Аргентина својот последен натпревар на Олимпијадата го играат во недела, па веројатно одлуката ќе биде донесена следните неколку седмици.

0 comments:

Post a Comment