Home » , » Чарлс Баркли: „Дрекслер секогаш беше љубоморен на Џордан“

Чарлс Баркли: „Дрекслер секогаш беше љубоморен на Џордан“

Written By Dragan on 4.8.12 | 12:37

Клајд Дрекслер се врати во центарот на вниманието, целиот Дрим тим од 92' се врати во центарот на вниманието, но не само поради споредувањето со сегашната селекција на САД за ОИ, туку поради контроверзните изјави не некои играчи од ростерот на оригиналниот Дрим тим.


Клајд звучеше исфрустрирано затоа што Дрим тимот беше околу Џордан, Меџик и Баркли, а не околу него, Чарлс Баркли го потврдува тоа:

„Мислам дека Клајд секогаш беше љубоморен на Мајкл. Да бидам искрен, секогаш сакаше да се споредува со него.“ 

„Сите сакавме да се споредуваме со Мајкл Џордан, но неможевме. Клајд беше одличен играч, но секогаш имаше љубомора кон Џордан. Тоа беше еден од инцидентите од тимот од 92', кога Клајд играше против Мајкл играше како да е 7. натпревар во плеј-офот. Но незнаеше дека Мајкл Џордан и кога си ги носи децата до школо мисли дека е 7. натпреварот од плејофот.“ - додаде Чарлс Баркли

Иако Дрекслер одбива дека изјавувал такви работи, пронајдени се снимки како докази.

Дрекслер е еден од најдобрите играчи во својата генерација, НБА Шампион, 10 пати олстар, член во "Hall of fame", кој има во просек 20 поени во својата кариера. Но едноставно не е Џордан.

0 comments:

Post a Comment