Досегашниот играч на Јута Џез С.Џ. Мајлс, потпиша двогодишен договор со екипата на Кливленд Кавалирс, во која има реални шанси да избори место во стартната петорка на позицијата бек шутер, односно ниско крило.
25-годишниот Мајлс минатата сезона за Јута одигра 56 меча и 14 пати беше дел од стартната петорка. Имаше просек од 9.1 поени, 2.1 скокови и просечно поминуваше 20.4 минути на паркетот. Во сезоната 2010/11 Мајлс ја играше својата најдобра сезона, во која имаше просек од 12.8 поени, 3.3 скокови и 1.7 асистенции, додека во целата негова кариера има просек од 8.4 поени и 2.2 скока.
Исто така треба да се напомене дека освен Кливленд, за Мајлс беа заинтересирани и Л.А Лејкерс, Далас Маверикс, Хјустон Рокетс и Милвоки Бакс.
0 comments:
Post a Comment