
Да потсетиме Реј Ален ова лето стана слободен играч и одлучи да му се приклучи на Мајами Хит бидејќи смета дека таму ке има поголема улога за освојувањето на титулата.
Ривер прзина дека Ален бил во несогласувања во Ражон Рондо, но тоа е последната одлука која како тренер ја донесе, семтајќи дека го прави тоа за да ја подобри екипата.
“Се споменува во медиумте дека Рондо е крив за заминувањето, поради проблемите со Реј, но тоа е повеќе моја вина отколку на Рондо.“ - признава Риверс.“Јас сум тој кој одлучи дека топката ке му ја дадеме на Рондо и оној кој рече дека Рондо ќе биде лидер на оваа екипа.Таа одлука на некои играчи не им се свиѓаше, а Ален беше меѓу нив, бидејќи Рондо повеќе од времето ја има топката во рацете.“
“Сите го напаѓаа Рондо, но тоа не е негова вина.Јас сакав топката да биде во неговите раце и тоа е она што тој го направи.Топката треба да биде во неговите раце, тој е најдобар пасер во лигата има чувство за пас.Не е добар шутер, но затоа топката мораше стално да биде во неговите раце, а тоа му сметаше на Реј.“
Риверс додаде дека Ален исто така не е задоволен поради влегувањето од клупата, а да го замени играч кој ја игра својата 2ра сезона во НБА лигата - Ејвери Бредли.
“Влегувањето од клупата исто така му сметаше на Реј.Направив анализа и заклучив дека ги правиме вистинските работи, но го загубивме Реј.Секоја година на почетокот на сезона му кажувам на тимот дека секоја одлука која ја носам е со цел да го подобрам тимот и тоа може да им смета на поедници.На тоа се држев во оваа ситуација.“
На завршувањето на разговорот Риверс призна дека односот помеѓу Рондо и Ален не бил добар од самиот почеток, од доаѓањето на Ален во Бостон пред 5 години, но ситуацијата се закомпликувала во сезоната 2010/11 кога Реј го изгуби стартното место во Бостон.Тоа е и главната причина поради што Реј си замина од Бостон.
0 comments:
Post a Comment