Home » , » Kолку добар ќе биде Џеф Грин за Бостон ?

Kолку добар ќе биде Џеф Грин за Бостон ?

Written By Dragan on 24.8.12 | 19:22

Џеф Грин потпиша прилично добар договор со Бостон Селтикс. За четири години тој ќе заработи 36 милиони долари. Тоа се многу пари, особено за некој кој ќе биде седми играч (улога на 6ти играч ќе има Тери).

Сеуште, очекуваме да Грин ќе игра многу со тоа што Пол Пирс и Кевин Гарнет ќе играат помала минутажа.

Прашањето е зошто би му дале толку голем договор ?  Освен тоа што Дени Ејнџ навистина сака да биде во тимот, самото тоа што го трејдуваа Перкинс за него го прави играч што или би требало да остане во тимот или да се фати поголем плен преку трејд од него.

Најдобрата сезона на Грин во НБА беше неговата втора сезона во Оклахома, 2008-09.  Таа година тој шутираше 44.6% од поле, 38.9% за три поени и имаше просек од 16.5 поени по натпревар.

Најлошата година во неговата криера?
- Пред две сезони кога дојде во Бостон. Тој просечно даваше по 9.8 поени по натпревар, шутираше 29.6% зад линијата за три поени, но го подобри шутот од поле и шутираше 48.5%.

Но, кога дојде во Бостон мораме да го сметаме за збунувачко време. Ако паметите точно во сезоната 2010-11, Рондо мина низ мала депресија после доворот со Перкинс. Целиот тим мина низ депресија. Дајте му почит на Џеф Грин што остана во Селтикс и покрај тоа што претходната сезона ја пропушти заради проблеми со срцето.

0 comments:

Post a Comment