Home » , » За генералниот менаџер Купчак и Лејкерс се добри...на хартија

За генералниот менаџер Купчак и Лејкерс се добри...на хартија

Written By Anonymous on 9.9.12 | 12:36


Сите тоа го говорат за Лос Анџелес Лејкерс. Со стартната петорка Стив Неш, Коби Брајант, Мета Ворлд Пис, Пау Гасол и Двајт Хауард тие се многу добри но само на хартија. И тоа мора да го докажат. Кевин Дурант, Двејн Вејд и Крис Бош го изјавија ова, а во таа листа можеме да го додадеме и Мич Купчак.

Генералниот менаџер на Лејкерс, човекот кој ги повлече потезите за да се остварат трејдовите поврзани со Хауард и Неш ги обележа Лејкерс сеуште како само добри на хартија за Сем Амик од Sports Illustrated.

“На хартија тоа што го направивме може да се рече дека е подобрување. Ќе бидеме во борбата за титула. Не знаеме дали ќе завршиме како први, втори, четврти или петти во западната конференција, но сигурен сум дека ќе бидеме подобри од минатата сезона. Дали е време да се слави ??? Во никој случај. Ќе мора да почекате цела година за да го видиме исходот од целиот напор и труд кој го вложивме во овој тим.“

Тој е во право, но сепак тој не сака да открие дека постојат сомнежи за тоа дали тимот ќе се вклопи како што треба.

“Тие ќе бидат во ред.Сакам да кажам дека во Двајт е иднината,а Коби, Стив, Мета и Гасол, тие се сегашноста. Не би требало да има никаков проблем. По може да игра било каде наместо било кого, а се што посакуваат Коби и Неш е да победуваат. Мета е задоволен со тоа што е комплиментарен играч. Ако тој постигне осум од десет поени и одигра добро во одбраната и победи, тој е среќен. Па така да мислам дека нема да има проблеми помеѓу момците да се вклопат и да играат заедно. Ако времето е кратко топката ќе биде во рацете на Коби, а Неш без разлика на видот на напад кој го практикуваме, ќе го контролира. Овде не станува збор за вметнување на нови тактики во нападот на некој си нов, млад и неискусен тим. Ова е група на ветерани и тие ќе знаат како да се справат со тоа.“

Овие момци имаат добар кошаркарски IQ кој би го употребиле за сето тоа да успее. Повеќе личи на Селтикс 2008 отколку на Хит 2011. Можеби ќе потрае малку подолго – Лејкерс во март би требало да бидат подобри од Лејкерс во ноември, но без грижи. Ќе успеат.

Во фантастичното интервју, Купчак изјави дека повеќе е загрижен за задржување на Хауард отколку за повредата на грбот од која пати Неш.

“Да, Неш е еден од најстарите играчи во лигата. Но ние немаме за што да се грижиме. Тој има уште две до три години и преку многуте години искуство тој самиот научил како да го одржува телото и своето здравје во добра форма. Тој имал исеченици, модринки, истегнувања и тука е неговиот проблем со грбот кој не е ништо ново. Тој пронашол начин како да му даде отпор на сето тоа низ сезоните. Како клучен фактор за сето ова е и енергијата која ја поседува и која му дава сила да се почувствува подмладен. Последниве две сезони сигурно биле тешки за него поради сиот товар и одговорност кои морал да ги сноси. Тој можеби се почувствувал како да немале шанса за да се надигруваат, иако можеле до плејоф која е доволна мотивација сама по себе. Но да имаш шанса да ја освоиш лигата е сосема друго и мислам дека ова ќе биде како психичко освежување за него.“

За оваа нова група на Лејкерс, се освен титулата во наредните две години ќе биде под очекувањата. Но тоа се суровите правила што го прави Лејкерс еден од тимовите на врвот. Како и да е ќе биде интересно да видиме како ќе се одвиваат работите.

0 comments:

Post a Comment