Home » , » Бакси од -27 до победа, Оклахома на +45

Бакси од -27 до победа, Оклахома на +45

Written By Anonymous on 27.11.12 | 11:10


Големиот пресврт на Милвоки, убедливата победа на Оклахома и новиот пораз на Визардси ја обележаа ноќта помеѓу понеделик и вторник во НБА лигата.

Бакси со 9392 го шокираа Чикаго и така ја прекинаа низата од 9 порази по ред. Агонијата на Визардси продолжува, го запишаа и 12тиот пораз, овој пат од Сан Антонио со 118-92. Оклахома Сити го декласира Шарлот со 114-69, а победи забележаа и Бруклин, Детроит, Мемфис, Јута и Њу Орлеанс.

Во големиот пресврт и победата на Милвоки над Чикаго со 93-92, најдобар беше Ерсан Илјасова со 18 поени и 6 скока, додека по 11 поени имаа Џон Хенсон, Екпе Удох и Бено Удрих. Најдобрите играчи на Бакси Монта Елис и Брендон Џенингс заедно имаа 16 поени. Чикаго беше предводен од Рип Хамилтон со 30 поеним Карлос Бузер имаше 19 поени и 11 скока, додека Кирк Хајрник имаше 17 поени и 6 асистенции.

Бруклин по продолжението го доби дебрито на Њу Јорк, ги совлада Никси со 96-89 и се изедначи со скорот од градскиот ривал (9-4). Најдобар беше Брук Лопез со 22 поени и 11 скока, Дерон Вилијамс додаде 16 поени и 14 асистенции, 16 поени даде Џералд Валас, а 14 искусниот Џери Стекхаус. Никси имаа само два расположени играчи, Кармело Ентони имаше 35 поени и 13 скока, а Тајсон Чендлер имаше 28 поени и 10 скока. Остатокот од тимот даде само 26 поени.

Оклахома Сити Тандер го декласира Шарлот со 114-69, а Тандерси веќе на полувремето имаа +40. Шест играчи имаа двоцифрен број на поени, а најдобар беше Кевин Дурант со 18 поени и 6 скока. Расел Вестбрук додаде 12 поени со 11 асистенции, а дабл-дабл оствари и Хашим Табит со 13 поени и 10 скока. Кај Шарлот најдобар беше Џефри Тејлор со 10 поени.

Сан Антонио го совлада Вашингтон со 118-92 и им го нанесе 12тииот пораз. Се истакна Тиаго Сплитер со 15 поени, 12 скока и 7 асистенции, 16 поени даде Борис Диао, а 15 дададе и Тони Паркер. Данкан имаше 14. Џордан Крофорд од клупата беше најефикасен за тимот од Вашингтон со 19 поени, 18 даде Кевин Серафан со 7 скока, 16 имаше Мартел Вебстер, а по 11 имаа Еј Џеј Прајс и Бредли Бил.

Јута Џез го сволада тимот на Нагетс 105-103 и остана непоразена после 6тиот дуел дома. Одличен беше Ал Џеферсон со 28 поени и 5 скока, 19 даде Дерик Фејворс, 15 поени и 6 аситенции имаше Џамал Тинсли. Нагетси беа предводени од Кенет Фарид со 21 поен и 9 скока, 16 поени и 9 асистенции имаше Тај Лоусон, а по 12 имаа Галинари и Бруер.

Њу Орлеанс ги изненади Клиперси со 105-98, а се истакна Гревиз Васкез со 25 поени, 10 асистенции и 6 скока. 17 поени и 8 скока имаше Рајан Андерсон, додека 17 даде Џејсон Смит. Керон Батлер беше најдобар кај Клиперси со 33 поени и 6 скока, 20 поени, 8 асистенции, 4 скока и 4 украдени топки имаше Крис Пол, додека Грифин потфрли со само 4 поени.

Мемфис Гризлис ги победија Кливленд Кавалирс со 84-78 за 10ти триумф во сезонава. Најефикасни со 18 поени беа Марк Гасол и Зек Рендолф кој имаа и 8 скока. 15 поени додаде Руди Геј. Андерсон Варежо имаше 15 поени и 22 скока за Кавс, а 15 постигна Дион Вејтрес.

Детроит го изненади Портланд со 108-101 и го поправи донекогашниот свој очаен учинок. Брендон Најт имаше 26 поени, Грег Монро додаде 20 поени и 10 скока, додека Кајл Синглер имаше 16 поени, 10 скока и 5 асистенции. Најдобар за Блејзерси беше ЛаМаркус Олдриџ 32 поени и 10 скока, додека 19 додаде Весли Метјуз.


0 comments:

Post a Comment