Home » , » Градско дерби во Њу Јорк, Спарси им гостуваат на Визардси

Градско дерби во Њу Јорк, Спарси им гостуваат на Визардси

Written By Anonymous on 26.11.12 | 22:30


Денес се играат 8 натпревари од НБА лигата, а најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу Бруклин Нетс и Њу Јорк Никс.

Бруклин Нетс 01:00 Њу Јорк Никс
Првиот дуел помеѓу градските ривали оваа година. Знаеме првиот беше одложен поради ураганот “Сенди“, а вечерва нема одложување, овие два тима ќе излезат на мегдан, еден против друг. Кармело Ентони е сјаен ова година, игра одлично, па денес би требало да се судри со Џералд Валас, еден од најдобрите дефанзивни ниски крила во лигата. Дерон Вилијамс исто така игра одлично, под кошот ги има Крис Хамфрис и Брук Лопез, додека со нив на спротивната страна ќе се судри Тајсон Чендлер. Џ.Р. Смит игра супериорно од клупата кај Никси, додека на другата страна замената на Дерон, С.Џ Вотсон кој е одличен и од линијата за три и одлично асистира. Во овој натпревар и двата тима влегуваат по победа, Нетси ги победија Блејзерси, а Никси им се вртија на победите со победата над Пистонси.

Овој натпревар ќе биде многу изедначен, но предноста им ја даваме на Никси кои се во подобра форма и играат навистина инзвондредно оваа сезона.

Останати натпревари :

Вашингтон Визардс - Сан Антонио Спарс 01.00
Детроит Пистонс - Портланд Траил Блејзерс 01.30
Чикаго Булс - Милвоки Бакс 02.00 
Мемфис Гризлис - Кливленд Кавалирс 02.00
Оклахома Сити Тандер - Шарлот Бобкетс 02.00
Јута Џез - Денвер Нагетс 03.00
Л.А Клиперс - Њу Орлеанс Хорнетс 04.30

0 comments:

Post a Comment