Home » , » Дени Грејнџер надвор од терените уште 3 месеци

Дени Грејнџер надвор од терените уште 3 месеци

Written By Unknown on 7.11.12 | 19:55

Од тимот на Индијана Пејсерс денеска потврдија дека нивниот лидер во постигнати поени последниве 3 сезони Дени Грејнџер, ќе отустува уште 3 месеци, откако во вторникот прими инекција на повреденото колено.

Ова значи дека останатите играчи на Пејсерс ќе мора да играат на супериорно ниво за да го одржат тимот на Индијана во конкуренција. 

Оваа повреда го мачеше Грејнџер уште на крајот на минатата сезона, во плејофот, а пропушти и голем дел од тренинг - кампот и претсезонските натпревари за Индијана оваа есен.

Без Грејнџер моментално, Индијана е тим кој што ќе биде повторно сигурен плејоф претендент, но нема да им бидат никаква конкуренција на Мајами, Бостон и Њу Јорк на врвот на истокот. Како што излгедаат до сега, нивниот рекорд е 2-2 по четири одиграни натпревари. 

0 comments:

Post a Comment