Home » , » Лејкерс ја бараат втората победа против Јута, Клиперс ги дочекуваат "жешките" Спарси

Лејкерс ја бараат втората победа против Јута, Клиперс ги дочекуваат "жешките" Спарси

Written By Unknown on 7.11.12 | 20:25

Вечерва ја имаме најбогатата НБА вечер од стартот на сезоната, бидејќи ќе се одиграат дури 13 натпревари.



ЛА Лејкерс 03:00 Јута Џез
По 3 изгубени натпревари на стартот на сезоната, ЛА Лејкерс конечно забележаа победа против катастрофалните досега - Детроит Пистонс. Победата во главно беше лесна, а главниот проблем за Лејкерс - одбраната, не беше воопшто ниту ставена на тест од страна на Пистонс. Вечерва, Лејкерс ќе имаат посилна конкуренција на теренот и ќе се соочат против Јута Џез, кои имаат идентичен рекорд како оној на Лејкерс - 1-3. 
Јута Џез пак, не играат по очекуваните стандарди. Нивните 3 порази дојдоа од екипи како Мемфис, Њу Орлеанс и Сан Антонио, што и не е баш зачудувачки зошто имаат негативен рекорд. Мо Вилијамс игра во одлична форма и неговите плејмејкерски способности излегуваат на видик. Доколку Мо продолжи, а секако биде потркепен и од останатите во тимот, "џезерите" ќе бидат тежок тим за победување. Но, како што можеме моментално да забележиме, не сите парчиња од сложувалката се на место. Останува да видиме дали ќе има подобрување вечерва по 3-те последователни порази.



 Сан Антонио Спарс 04:30 ЛА Клиперс
Покрај сите дуели, се чини дека ова е најинтересниот. Клиперс - Спарс е  всушност реприза на втората рунда од минатодишниот плејоф, каде што Спарси ги "исчистија" Клиперси со 4-0. Неможе да очекуваме исто ниво на игра како и во тие плејоф серии, но очекуваме и интересен натпревар. 
Спарси моментално се непобедливи и во 4 натпревари оваа сезона имаат исто толку победи. Тимот е комплетен со враќањето на Ману Џинобили од повредата, па очекуваме вистинска битка на две супер - офанзивни екипи вечерва. Играта на Спарси е супериорна моментално, баш онака како што Грег Попович посакува. 
И додека Спарси имаат побединчка серија од 4 победи, Клиперси опаднаа во своето ниво на игра и имаат 2 последователни порази, откако сезоната ја стартуваа со 2-0. Крис Пол и Блејк Грифин не играат во посакуваните форми, но сепак ова е само почеток на сезоната. Како и да е, краен напор на овие двајца и уште неколку добри партии на останатите играчи како Џордан, Батлер и Крофорд би ги спасило Клиперс од пораз. Џамал Крофорд игра во фантастична форма и по 4-те натпревари го води тимот во поени со 24.0 по натпревар.

Останатите натпревари:

 Феникс Санс 01:00 Шарлот Бобкетс
Вашингтон Визардс 01:30 Бостон Селтикс
Индијана Пејсерс 01:30 Атланта Хокс
Бруклин Нетс 01:30 Мајами Хит
Мемфис Грзлис 02:00 Милвоки Бакс
Филаделфија СевентиСиксерс 02:00 Њу Орлеанс Хорнетс
Денвер Нагетс 02:00 Хјустон Рокетс
Орландо Меџик 02:00 Минесота Тимберволвс
Торонто Рапторс 02:30 Далас Маверикс
Детроит Пистонс 04:00 Сакраменто Кингс
Кливленд Кавалирс 04:30 Голден Стејт Вориорс

0 comments:

Post a Comment