Крилото на Сан Антонио Спарс, ветеранот Стивен Џексон ќе пропушти од 4-6 недели од новата сезона, откако на натпреварот против Клиперс синоќа го искрши најмалиот прст од својата десна рака.
Џексон ја заработи повредата рано во 1/4 од натпреварот, но сепак тој продолжи да игра низ повредата. Кога Џексон сфати дека повредата му прави проблеми и може само да ја влоши состојбата, тој го напушти натпреварот при крајот на 1/4.
Ова е дополнителен проблем за Попович и Сан Антонио Спарс, на кои веќе им недостигаат услугите на Каваи Леонард, кој се повреди пред една недела.
Ова е втора ваква повреда деновиве низ НБА лигата, откако прстот на раката го скрши и Кајри Ирвинг, кој ќе отсуствува еден месец.
0 comments:
Post a Comment