Home » » Резултати од 5 коло

Резултати од 5 коло

Written By Unknown on 25.11.12 | 11:35


Лирија - Вардар 83-60
Работнички- Куманово 84-75
Фени Индустри - Струмиица 89-85
Кожув - Пелистер Спорт 79-44

Во првиот натпревар Лирија успеа да го совлада Вардар и со тоа
да го оствари третиот триумф во низа.
Најефикасни кај екипата од Сарај беа Радуновиќ со 16 поена и 8 скока
додека Тасовски додаде 14 поени. Во екипата на Лирија така со двоцифрен
број поени беа Симиќ, Ургиновски и Стајиќ. Во екипата на Вардар најефикасни
беа Керкез постигна 21 поен и додаде 7 скока Лазаревски дополни со 10 поена.

Работнички беше поуспешен во дербито на колото од Куманово. Во интересна завршница Работнички успеаа да слават со 84-75. Најефикасни кај Работнички беа Јелесијевиќ со 25 поени и 7 скокови како и Шарпер кој исто така имаше 25 поени . Амоке додаде 6 поени како и 10 скока. Кај екипата од Куманово најефикасен беше
главниот кандидат за МВП Димчевски со 23 поени. Исто така Луковиќ со 16 поени и 6 скокови.

 Во Кавадарци се сретнаа екипите на Фени Идустри и Струмица каде Фени успеа да надополни 17 негатива и стигна до победа. Најзаслужни за победата кај домаќините беа Соколов со 21 поен 6 скока и 3 асистенции, а со двоцифрен број поени завршија и Братиќ, Кнежевиќ и Трајковски. Кај екипата на Струмица најефикасни беа Гоцевски со 23 поена, Богоев со 22 поена и 8 асистенции.

На натпреварот во Гевгелија, Кожув ја победи екипата на Пелистер Спорт со 79-44.
Сите играчи во екипата на Кожув постигнаа поени најефикасни беа Стерјов со 13
поени и 8 скока и Павловски со 10 поени и 9 скокови. Во екипата на Вардар само Петковски успеа да забележи двоцифрен број поена потпогнат од Талевски и Захариевски.

0 comments:

Post a Comment