Home » , , » Стадемаер би играл и од клупата како шести човек за Никс

Стадемаер би играл и од клупата како шести човек за Никс

Written By Unknown on 29.11.12 | 17:20

Њу Јорк Никс моментално го имаат најдобриот напад во НБА лигата. Постигнуваат најмногу 111.5 поени по натпревар, ја губат топката најмалку од сите и шутираат сосема солидно од поле.

И сето тоа го прават играјќи го Кармело Ентони како крилен центар, односно на PF позицијата. Ова е место за Амаре Стадемаер во овој тим, но повредата на Стат не му дозволува да сеуште да заигра за екипата на Никс. 

Па со ова кажано, што ќе се случи кога Стадемаер ќе се врати од повредата и ќе го потисне Мело на крилната позиција повторно? Добро прашање... Многумина моментално мислат дека Стадемаер и Ентони неможат да коегзистираат во иста стартна петорка, а кога Стадемаер ќе се врати тој и најверојатно ќе игра во стартната петорка, заедно со Кармело Ентони. Сеуште не заиграле заедно оваа сезона, каде што можеби и двајцата ни би го покажале сосема спротивното. Останува да видиме како тренерот Мајк Вудсон ќе ја пополни ротацијата.

Сепак, едно евентуално решение за Мајк Вудсон е идејата која што не баш му се допадна на Вудсон - да го внесува Амаре Стадемаер од клупата и неговата улога да биде шести играч. 

“Се што е важо за Амаре моментално е тој да биде во ротацијата на овој тим и Никси да бидат ефективни и да победуваат. За него е во ред ако тој влегува во игра од клупата, доколку на Никси им одговара така.“ - изјави еден извор близок до Амаре Стадемаер, според „ESPN.com“.

“Стадемаер само сака да победи. Тој забележува колку добро тие играат моментално и сака само да помогне во тоа. Би се согласил на се што е потребно за овој тим да победува.“

Но ова и не е целосно решение за проблемот на Никси, што и не е голем проблем. Мело и Стадемаер повторно ќе треба да го споделуваат истиот терен во одредени моменти. За пример, и Ману Џинобили игра од клупата за Сан Антонио Спарс, но кога ќе дојдат на ред клучните моменти во 4/4 од натпреварите, Ману сепак беше надвор на теренот заедно со Тони Паркер и Тим Данкан.

Доколку Никси сакаат да бидат шампионски претенденти, тие мораат да најдат начин на кој би биле ефективни кога Ентони, Стадемаер и Чендлер се заедно на теренот. Донесувањето на Стадемаер од клупата во игра можеби е решение за проблемот само во 1/4, но не и за целиот натпревар. 

0 comments:

Post a Comment