Home » , » Најпродавани дресови - ЛеБрон Џејмс и Њујорк Никс

Најпродавани дресови - ЛеБрон Џејмс и Њујорк Никс

Written By Anonymous on 29.11.12 | 19:01


ЛеБрон Џејмс, ѕвездата на првакот од претходната сезона - Мајами Хит, е лидер по бројот на најпродавани дресови во НБА лигата. Ова е веќе четврти пат да е на лидерската позиција. Џејмс во претходното броење, во април оваа година, беше дури четврти.

“Големо задоволство ми е да сум повторни број 1 во продажбата на дресови“, рече Џејмс, чиј дрес последен пат беше најпродаван во април 2011 година.

НБА лигата последната листа ја објави денес, а Њујорк Никс се тимски први по бројот на продадени дресови и заработки, а ова им е прв пат од 2004 година кога во декември исто така беа лидери.

На листата играчи втор е Кевин Дурант кој се искачи за шест места од последното мерење, главно заради настапот во НБА финалето против Мајами Хит. Листата понатаму оди по овој редослед: Коби Брајант, Кармело Ентони, Дерик Роуз, Ражон Родно, Двејн Вејд, Блејк Грифин, Двајт Хауард, Крис Пол, Дерон Вилиамс, Расел Вестбрук, Стив Неш, Пол Пирс и Дирк Новицки.

Листата на НБА тимови оди по овој редослед: веќе наведените Њујорк Никси се први, додека после нив се Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс, Чикаго Булс, Оклахома Сити Тандер, Бруклин Нетс, Лос Анџелес Клиперс, Сан Антонио Спурс и Далас Маверикс.

Листата е базирана спрема продажбата на дресови во службената продавница НБА Стор во Њујорк и според интернет страната NBAStore.com.

Вестбрук по прв пат се најде во најдобрите 15, додека Рондо и Пол се искачија по четири места на листата. Треба да споменеме дека Лејкерси се единствената екипа со три играчи во најдобрите 15 (Брајант, Неш, Хауард), додека играчот на Хјустон Рокетс, Џереми Лин во априлот беше втор како играч на Никс, а денес испадна од листата.

0 comments:

Post a Comment