Џејмс беше под знак прашалник за натпреварот поради повредата на коленото во дуелот со Атланта, а Вејд беше под знак прашалник поради настниката на својот најстар син. Но сепак двајцата заиграа, но не му помогнаа на својот тим.
Вејн Елингтон беше најдобар и постигна 25 поени со што 7 тројки. Руди Геј придодаде 21 поен со 8 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки, додека Мајк Конли и Зек Рендолф имаа по 18 поени
Кај Мајами едниствено Крис Бош (22) и ЛеБрон Џејмс (20) беа двоцифрени додека остантиот дел од тимот предводен од Вејд беа катастрофални.
Мемфис со победава ја продолжи низата, и отиде на 5 победи по ред додека истовремено ја прекина серијата на Мајами од 4 победи.
Л.А Лејкерси стигнаа и до 3тата победа, втора по ред, во натпреварот против Сакраменто. Со резултат од 103-90 Езерџиите стигна и до победа во која во ниту еден момент не беше под знак прашалник. Имено Лејкерси славеја во првите 3 четвртини, а Кингси успеаа да ја изедначат четвртата четврина со резултат од 24-24.
Најдобар кај домаќините беше Двајт Хауард кој даде 23 поени и имаше 18 скока. Коби Брајант додаде 20 поени со 6 асистенции и 6 скока, а Мета Ворлд Пис и Гасол имаа по 18 поени.
Од останатите резултати ја издвојуваме и победата на Оклахома Сити Тандер кој во својата сала славеа против Кливленд. Најдобар во редовите на Оклахома беше Расел Вестбрук со 27 поени, 6 скока и 10 асистенции, додека Кевин Дурант придодаде 26 поени.
Денешни Резултати :
Бруклин Нетс 82-74 Орландо Меџик
Л.А Клиперс 89-76 Атланта Хокс
Мемфис Гризлис 104-86 Мајами Хит
Оклахома Сити Тандер 106-91 Кливленд Кавалирс
Л.А Лејкерс 103-90 Сакраменто Кинг



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment