Home » , » Големи се шансите Џексон повторно да се врати во Лејкерс, но не како тренер

Големи се шансите Џексон повторно да се врати во Лејкерс, но не како тренер

Written By Unknown on 10.11.12 | 20:41

Сепак сe' се сведува на моќ. Има големи шанси Фил Џексон повторно да се движи низ просториите на Лејкерс. Тој би можел да биде „коњаницата“ за Лејкерс, иако претходната сезона Мајк Браун направи сличен учинок како нивен тренер во споредба со последната сезона на Џексон како тренер.

Но овој пат тој не сака да биде само обичен вработен, тој ја сака моќта на Џим Бас. Иако можеби тоа звучи преамбициозно, сепак постои сценарио Фил Џексон да го замени Џим Бас на позицијата потпретседател на организацијата (кој не би сакал да му ја даде оваа позиција на Мич Купчак). Изворите ова го опишуваат како многу веројатно сценарио.

Колку за потсетување, Џим Бас и Фил Џексон (кои беа во истиот табор против Купчак), сакаа да остават свој печат во тимот, но со заминувањето на Џексон, моќта на Бас ослабе и токму поради тоа беа отпуштени повеќето од скаутите. Токму затоа Џим Бас го најми Мајк Браун за да докаже дека може да го води овој тим, одбивајќи ја понудата од Брајан Шо за долгорочен договор.

Со сета оваа историја, малку е веројатно дека Џексон би се вратил во тимот. Сепак, се работи за моќ и его (и да не споменам, 8-цифрената плата). Но исто така да не се заборави на изјавата на Мич Купчак дека би било премногу глупаво да не се смета на Фил и покрај тоа што во моментов тој нема никаков ангажман и дека се наоѓа високо на листата, а и барањата на Двајт Хауард, Коби Брајант и Пау Гасол, како и нивното високо мислење за познатиот "Зен Мастер".

Другото сценарио е Фил сепак да ја превземе тренерската позиција. Во тој случај, доколку Џим Бас се откаже од позицијата, девојката на Фил и бизнис-ќерката на Џери Бас (одговорниот за кошаркарскиот дел во Лејкерс), Џими Бас би ја земала таа позиција. Во тој случај фамилијата Бас би ги држела најважните позиции во тимот.

Цела оваа ситуација потсетува на Шекспирова драма, бидејќи големи се шансите Фил Џексон повторно да се врати во Лос Анџелес, но повеќе позиции се во игра овој пат.

Од раководството на Лејкерс исто така ќе разговараат со Мајк ДиАнтони, поранешниот тренер на Санс и Никс. Иако и оваа опција е помалку веројатна бидејќи освен Стив Неш, останатиот дел од ростерот на Лејкерс не одговара на брзата офанзивна (седум секунди или помалку за напад) тактика.

0 comments:

Post a Comment