Како што влегуваме во третата седмица од НБА акција, во претстојната ноќ очекуваме дури 10 интересни натпревари. Да се задржиме на главните.
Мемфис Гризлис отвараат уште една импресивна сезона, а со победа вечерва тоа би значело најдобриот старт во историјата на оваа франшиза. Мемфис Гризлис имаат рекорд од 5-1 и 5 последователни победи, вклучувајќи ја и победата над Мајами Хит минатиот натпревар. Гризлис влегуваат максимално мотивирани и во овој натпревар, сретнувајќи се со шампионот на западната конференција, Оклахома Сити Тандер. Тие се надеваат да ја продолжат серијата од 5 победи, но тука се и Тандер, кои имаат неколку импресивни факти позади себе исто така.
Оклахома иако стартуваше малку неочекувано во првите 4 натпревари, тие моментално имаат рекорд од 6-2 и 5 победи во последните 5 меча. Вечерва ќе гледаат да ја продолжат таа низа на домашен терен, а доколку сите од тимот на Тандер консолидираат како до сега, победата на им бега. Чудна работа е што Кевин Дурент, тековниот шампион во поентерска категорија во НБА лигата, постигнува во просек само 23.0 поени по натпревар, што е навистина потпросечно за него. Како резултат на тоа, Кевин Дурент игра многу поефикасно во другите сегменти од играта, како на пример во скоковите, каде што бележи 10.4 (за разлика од лани, кога бележеше по 8 скока по натпревар). Исто така и многу од останатите играчи на Оклахома се воиграни во ротацијата на Скот Брукс и играат ефикасни минути на теренот.
Во оваа директна средба, на нечива победничка низа ќе мора да и се стави крај, а ќе дознаме во 2 часот по полноќ.
Како што Мајами ја продолжува својата турнеја и гостувања со тимовите од западната конференција, ноќва тие се сретнуваат со ЛА Клиперс. Хит излегува од победа против Хјустон Рокетс, каде што ЛеБрон Џејмс ја одигра најдобрата партија во текот на оваа сезона. Таа победа значеше малку поместување назад на победнички патишта, откако претходно беа поразени од Гризлис во Мемфис. Како и да е, Мајами е моментално втор најдобар тим на истокот, со рекорд од 6-2 и една победа позади себе.
ЛА Клиперс пак, имаат 3 последователни победи и рекорд од 5-2, што значи само една победа и еден изигран натпревар помалку од Мајами. Клиперс играат одлично моментално и имаат голема помош во текот на сезоната од клупата, односно Џамал Крофорд, кој воедно е нивниот лидер во постигнати поени.
Пред се, очекуваме интересен интер-конференциски дуел вечерва на два титански тима во лигата.
Останатите натпревари:
Детроит Пистонс 01:00 Филаделфија СевентиСиксерс
Јута Џез 01:30 Бостон Селтикс
Индијана Пејсерс 02:00 Милвоки Бакс
Њу Орлеанс Хорнетс 02:00 Хјустон Рокетс
Шарлот Бобкетс 02:00 Минесота Тимберволвс
Вашингтон Визардс 02:30 Далас Маверикс
Чикаго Булс 03:00 Феникс Санс
Атланта Хокс 04:30 Голден Стејт Вориорс
0 comments:
Post a Comment