Home » , » Тибодоу: “Роуз напредува одлично !“

Тибодоу: “Роуз напредува одлично !“

Written By Unknown on 14.11.12 | 22:03

На рефлексивен начин, секогаш кога некој од Булс зборува за заздравувањето на Дерик Роуз тие додаваат „ние не го брзаме“. И не го брзаат.

Но Том Тибодо вели дека очекува да го види Дерик Роуз назад оваа сезона, како што изјави на „CSNChicago.com“.

“Очекувам да го видам до крајот на сезоната назад. Му оди одлично. Треба да сме трпеливи. Тој е многу вреден. Се движи заедно со нас, почна да трча константно,  шутира за многу од своето време. Се чувствува многу добро, па само треба да бидеме трпеливи.“ - изјави Тибодоу.

“Тоа неговиот следен чекор, па се оди по планот. Тој не подранува, а не ни доцни. Тој е таму каде што треба да биде.“ - додаде Том Тибодоу.

Вистинскиот рок за враќањето на Роуз е околу Ол-Стар паузата, во средината на Февруари или крајот на Март. Се разбира, кога ќе се врати ќе му треба малку време за да биде како стариот Роуз на кој што се сеќаваме. Треба малце време за играчите да ја вратат својата сила и што е најважно, коленото да е во најдобар ред.

0 comments:

Post a Comment