Home » , » Пиетруш го засили Торонто

Пиетруш го засили Торонто

Written By Anonymous on 30.11.12 | 21:16

Францускиот кошаркар конечно пронајде клуб и му се приклучи на НБА лигашот од Канада.

Искусниот играч Микаел Пиетруш (30) пронајде НБА клуб. Во новата сезона ќе ги брани боите на Торонто Репторси во кој ќе остане до крајот на сезоната. Договорот е потпишан на ветерански минимум, па Пиетруш ќе заработи околу 1.4 милиони долари.

Договорот ќе биде официјализиран во текот на денешниот ден и многу е можно навивачите да го видат веќе во следниот натпревар во кој Репторс играат против Денвер. Агентот на овој кошаркар Бил Мек Кенделс вели дека преговори се воделе уште со неколку клуба.

“Ова беше многу напорно патување. Уште од јули се обидувавме да најдеме тим и права средина за Пиетруш, разговаравме долго време. Разговараме во челниците на Хјустон и Чикаго на почетокот, но и со челниците на Минесота, Атланта и Торонто.“

“Во медиумите се вртеше приказна дека разговаравме и со Лејкерси, но тоа не е точно. Езерџиите ниту во еден момент не беа заинтересирани за Пиетруш. На крајот, кога ќе се повлече црта, Торонто е место во кое тој ќе игра најмногу. Знаеше дека не би имал голема улога во другите тимови, затоа и дојде овде.“ - заврши Мек Кенделс.

Францискиот кошаркар се мачеше со повреди низ кариерата, а минатата сезона ја помина во Бостон. Меѓутоа во текот на минатата сезона го повреди коленото и мораше на лесен хируршки зафат. Тој за 9 години во НБА лигата постигнува по 8.4 поени и 3.1 скока.

0 comments:

Post a Comment