
Интересен натпревар вечерва ќе одиграат Фила и Оклахома. Најдобрата одбрана против вториот најдобар напад во лигата. Филаделфија неочекувано загуби против Кливленд, а причината е слабиот шут од игра 36%. Како и предходните сезони, ги краси дисциплината во одбрана, моментално најдобрата одбрана во лигата. Но таа не е проблем, но не може да се тргне напред, постигнуваат само 89.8 поени по натпревар и само Визардси се полоши од нив. Вечерва ќе ја пречекаат екипата на Оклахома која го има вториот најдобар напад во сезоната постигнувајќи 102.8 поени по натпревар. Во Фила доаѓаат по поразот од Бостон со 108-100 во кој Дурант даде 29 поени, Вестбрук 26 и Ибака 17, но не беше доволно за славје над “Келтите“. Овој натпревар ќе биде пренесуван на Спорт Клуб.
Ова е втор натпревар помеѓу овие два тима во сезонава, во првиот натпревар како победници излегоја Клиперси со 89-76. Атланта игра солидно до сега, моментално имаат скор од 7 победи и 4 порази. Главен адут им е шутот од поле и за три кој ги злужи одлично. Главните ѕвезди Џош Смит и Ал Хорфорд не играат онака како што се очекува од нив, особено Смит кој никако неможе да ја пронајде формата и константата, и не може да и помогне на Атланта онака како што знае. Клиперси во вечерашниот двобој доаѓаат по поразот од Нетс со 86-76. Клиперси беа екипа со најдобра форма во лигата, имаа 6 победи во низа, но нанижаа 2 порази во низа, и сега доаѓаат кај Хокси за нова победа, втора сезонава во меѓусебните дуели. Пол и Грифин имаат одлична поддршка од клупата односно од Џамал Крофорд кој бележи по 19 поени и е најдобар стрелец во тимот.
Интересен двобој ќе се одигра во “American Airlines“ Центарот каде Далас ќе ги пречекаат Лејкерси. Далас може да биде задоволен од скорот од 7-6, особено поради тоа што играат без Дирк Новицки. Во неговото отсуство најдобар беше О.Џ Мејо кој минатиот натпревар против Никс даде 27 поени и Мавси славеја со 114-111 над тимот од Големото Јаболко. Лејкерси се на сличен скор (6-7), но сигурно никој не може да биде задоволен од тимот. Екипата во гости игра премногу лошо, и ќе треба некое време за Мајк Д’Антони да ја размрда екипата и да ја вклопи добро. Пау Гасол е катастрофален не игра добра ниту на еден крај од теренот, единствената константа е Коби Брајант кој ја зема одговорноста бидејќи другиот дел од тимот не е доволно вклучен. Сеуште се чека коцките да се сложат и Лејкерси да почнаат онака како што знаат, да победуваат.
Останати натпревари :
Линкови за следење на натпреварите во живо можете да најдете ОВДЕ !


















Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment