Home » , » Играчите на Рокетс носеа зелени траки во знак на почит кон тренерот МекХејл

Играчите на Рокетс носеа зелени траки во знак на почит кон тренерот МекХејл

Written By Unknown on 28.11.12 | 17:31

Цела НБА лига сочувствува со Кевин МекХејл заради загубата на неговата ќерка. Неколку играчи на Хјустон Рокетс вчера носеа зелена трака на рамото, во знак на почит за смртта на ќерката на нивниот тренер Кевин МекХејл

“Рокетси решија вчера да носат зелена трака на рамото во знак на почит за прераната смрт на ќерката на нивниот тренер, која почина Саботата. Зелената била омилената боја на Саша МекХејл, па затоа тие се одлучиле да ја носат таа боја.“ - се вели од извештајот на клубот

Не се знае точната дата кога Кевин ќе се врати на тренерската позиција во Хјустон. Тој ги врши подготовките околу погребот на неговата ќерка и нема сеуште одредена дата кога ќе се врати.

Тимот на Хјустон Рокетс изрази сочуство како и сите тимови од лигата.

Почит и од нас до фамилијата!

0 comments:

Post a Comment