Home » , » Џејмс Харден: “Само уште еден обичен натпревар“

Џејмс Харден: “Само уште еден обичен натпревар“

Written By Unknown on 28.11.12 | 21:51

Помеѓу 11-те натпревари вечерва, Хјустон Рокетс им гостуваат на Оклахома Сити Тандер, што го одбележува првото враќање на Џејмс Харден во градот и клубот во кој прерасна во играч. Или пак, Харден ќе игра против тимот со кој неможеше да се согласи и да потпише нов договор. 

Како резултат на несогласието, Оклахома го трејдуваше Џејмс Харден во Хјустон Рокетс, каде што "брадата" е повеќе од спектакуларен. Харден постигнува нешто повеќе од 25 поени по натпревар, со што е најдобриот поединец во овогодинешниот состав на Рокетс.

За било кој играч, враќањето во градот и играњето против тимот со кој сте стигнале се до НБА Финалињата, треба да биде одделен со посебни емоции. За Харден, не е така. Тој вели дека овој натпревар е како и секој друг, па ќе пристапи кон натпреварот сосема нормално. 

“Со мојот тим ќе одиграм гостински натпревар, во кој што ќе пробаме да извлечеме победа. Ова не е ништо поразлично од натпреварите против Мемфис, Атланта или било кој друг тим против кого сме играле на гостински терен.“ - изјави Џејмс Харден.

Во текот на ова лето, Харден кажа дека никогаш не би го напуштил тимот на Оклахома Сити Тандер, но тој не сакаше да потпише договор за помалку пари отколку што очекуваше и не се жртвуваше себеси во интерес на тимот. 

“Да бидам искрен, ќе биде интересно ова гостување бидејќи ќе бидам некои старти фаци, кои ми беа добро познати во минатото. Тие се мое семејство. Сепак, ова е само еден обичен натпревар.“ - додаде Харден.

0 comments:

Post a Comment