Home » , » Далас гостува во Филаделфија, Лејкерс ги дочекуваат Пејсерс

Далас гостува во Филаделфија, Лејкерс ги дочекуваат Пејсерс

Written By Unknown on 27.11.12 | 22:08

Влегуваме во ноќ со само 6 НБА натпревари, но сепак на програмата има интересни пресметки за вечерва, вклучувајќи ги дуелите помеѓу Лејкерс и Пејсерс, како и Далас - Филаделфија.


Филаделфија СевентиСиксерс 01:00 Далас Маверикс
Првиот дуел во рамките на вечерашната програма е навистина интересен дуел кој ќе се одвива во „Градот на братската љубов“ или Филаделфија, што ќе значи повраќање за Елтон Бренд во градот за кој играше се до минатата сезона. 
Без Ендру Бајнам на стартот на оваа сезона и за уште некое (подолго) време, Сиксерс успеаја да се претстават себеси како тим кој сериозно ќе претендира за титулата, тим предовден од група на млади момци кои што играат одбрана и знаат да се натпреваруваат. Џру Холидеј и Еван Тарнер играат големи улоги за Филаделфија во раниот дел од сезоната, пружајќи натпревари што се ретки за млади играчи како нив. Тие моментално се наоѓаат на седмата позиција во источната конференција, со рекорд од 8-6 и една победа позади себе. Ова е тим кој ќе му направи многу проблеми на Далас вечерва, особено со дефанзивците кои што тие ќе ги пуштат на главните шутери на Далас, како О.Џ. Мејо и Винс Картер. 
Маверикс пак, играат одлично кога ќе го земете фактот дека Дирк Новицки отсуствува и моментално задачата за нив е да воспостават доволно - солиден рекорд, се додека Новицки не се врати на терените и го превземе овој тим. О.Џ. Мејо ја игра најдобрата кошарка во својата кариера, а тоа ќе треба да продолжи да го прави и вечерва, што напоменавме ќе биде малку потешко - со оглед на тоа дека бековските дефанзивци како Холидеј и Тарнер лесно можат да ги задушат неговите шутерски способности. Маверикс излегуваат од катастрофален пораз против ЛА Лејкерс, каде што изгубија со 89-115. Ова треба да биде кам-бек натпревар за Маверикс, за кој што треба да бидат максимално мотивирани.


ЛА Лејкерс 04:30 Индијана Пејсерс
Последен дуел од вечерашната програма, што треба да започне рано наутро по наше време. Во Стејплс центарот ќе гостуваат Индијана Пејсерс, екипа која што никако неможе да фати победнички ритам и да ги исполни очекувањата од лани. Дел од овој неуспех на Индијана е и отсуството на Дени Грејнџер, што одзема многу офанзивна моќ на теренот. Како и да е, Пејсерс се изборија за 6-8, што сепак е далекува под нивната линија на очекувања и ги сместува на дното на источната конференција. 
Истиот случај како Индијана на истокот, ЛА Лејкерс се во западната конференција. Тимот кој што требаше да биде на врвот на западната конференција и да руши рекорди низ сезоната, моментално се наоѓа на средината на табелата и држи рекорд од 7-7. Под палката на новиот тренер Мајк Д'Aнтони тие имаат само еден пораз, додека победија 2 пати, вклучувајќи ја и последната победа над Далас, каде што ги понижија Маверикс со 115-89. Тимот почнува да наликува на тим кој го води тренер како Д'Aнтони, со силна офанзива и несигурна одбрана, препуштена на главните дефанзивни играчи на теренот. Стив Неш ќе биде отсустен и од овој натпревар на Лејкерс, а дополнителен проблем за "езерџиите" е и настинката на Коби Брајант, што го става овој натпревар под знак прашалник за него. Сепак, Коби е тежок играч и вакви настинки ретко го спречуваат да игра на еден натпревар. 

Останатите натпревари:
Кливленд Кавалирс 01:00 Феникс Санс
Хјустон Рокетс 02:00 Торонто Репторс
Сакраменто Кингс 04:00 Минесота Тимберволвс

0 comments:

Post a Comment