Home » , » Нова сезона, ист проблем: Кога Гарнет седи на клупата, Бостон има проблеми

Нова сезона, ист проблем: Кога Гарнет седи на клупата, Бостон има проблеми

Written By Anonymous on 7.11.12 | 11:18


Во Бостон, слично како мината сезона кога Кевин Гарнет ќе седне на клупата, тимот има дефанзивни проблеми. Дури и нивната победа над Вашингтон, Селтикс примија 16 поени кога Док Риверс го седна Гарнет на клупата.

За три наптревари Бостон е пред противникот за 6 поени кога Kевин Гарнет е на паркетот. За разлика од Ражон Рондо, кој кога игра во просек неговиот тим губи за 9 поени и кога игра Пол Пирс, Селтикси губат за 6 поени.

“Тие ја започнаа сезоната мислејќи на одбраната, тие направија многу добри работи. Тие навистина доминираа над Вашингтон. Кога Гарнет ќе седне на клупата Селтикс имаат тешкотии и проблеми.“ - изјави Седрик Максвел за „ESPN“.

Кевин е “моторот” на Селтикси. Тој скока одлилно дефанзивно и еден од главните задолжени за одбраната на Бостон.

Бостон треба да најде начин да го реши проблемот со Гарнет, бидејќи ако не го решат може и да не се најдат во плејофот.

0 comments:

Post a Comment