Home » , » Стадемаер би можел да се врати од повредата на 1. Јануари

Стадемаер би можел да се врати од повредата на 1. Јануари

Written By Unknown on 26.12.12 | 21:55

Њу Јорк Никс ги пречекуваат Портланд Треил Блејзерс на првиот ден од новата 2013 година. Стадемаер изјави дека би можел да игра против Портланд.

Никси ќе мора да го вметнат Стадемаер во првата постава, но Кармело Ентони моментално игра како прв крилен центар. Тајсон Чендлер е центар и прашањето е како би можеле да се искористат најдобро овие три играчи без да губат премногу енергија на паркетот.

Никси го подобрија шутот за три поени оваа сезона (31 процент во последните 5 наптревари). Заедно со помошта од Амаре од под обрачот тие би биле уште подоминантни, така да враќањето на Стадемаер е во секој случај позитивно за Њу Јорк. Му посакуваме се најдобро на Амаре.

0 comments:

Post a Comment