По рекордот од 5-10 во месецот од Декември, челниците на Бруклин Нетс одлучија дека Ејвери Џонсон повеќе не ја заслужува работата како тренер на тимот. Тоа резултираше со отказ на Џонсон од Бруклин.
Ова е типичен пример за тоа како работите во НБА лигата можат веднаш да се сменат. Ејвери Џонсон беше избран за тренер на месецот во Ноември, но поради разочарувачките игри на Нетси во последните 15 натпревари "малиот генерал" ја изгуби улогата на тренер во било која екипа во НБА лигата.
Пи Џеј Карлесимо, веќе поранешниот асистент на Џонсон ќе ја превземе улогата на привремен тренер, се додека Били Кинг не тргне во маркетот и најде достоен главен тренер за овој доста - талентиран тим на Бруклин Нетс.
Бруклин Нетс сезоната ја почнаа баш како што се очекуваше, со рекорд од 11-4, но оттогаш нивото на игра значително опадна и овој тим почна да губи. По оние 11-4 на стартот, Нетси имаат негативен рекорд од само 3 победи и 10 порази. Дерон Вилијамс, лидерот на овој тим кој оваа сезона не се вклопи баш во шемите на Ејвери Џонсон, наводно ја изрази својата фрустрација кон тренерскиот систем на Џонсон и кажа дека оној стил на игра што го диктираше самиот Вилијамс во Јута најдобро го играл. Но покрај нападот на Бруклин, поголем проблем е и одбраната, која во последните 15 натпревари е катастрофална и ранкира во последните 5 дефанзивни места во лигата.
0 comments:
Post a Comment