
Еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња кој ја предводеше цела генерација на Лејкерси која беше нарекувана “шоу-тајм“, е воудушевен од игрите кој од вечер во вечер ги покажуваат Крис Пол, Блејк Грифин и другарите...
“Мислав дека никогаш нема да видам повеќе шоу тајм на терените, а се излажав. Тоа што го прават Клиперси е фантастично, тешко дека некој може подобро“,
вели Меџик Џонсон. После победата од 112-100, Крис Пол одговори на пофалбите од Меџик.
“Разликата помеѓу нас е тоа што Меџик своите соиграчи ги правеше подобри, да се натпреваруваат за титулата, тие ја освојуваа, а ние сеуште сме тим што не можеме да се пофалим со тоа. Но се обидуваме да се натпреваруваме за титулата, со интересна игра да стигнеме до неа. Му благодарам на Меџик за убавите зборови, тој беше најдобар шоумен“,
смета Пол.
0 comments:
Post a Comment