Home » , , » Пол Пирс - икона на Бостон веќе 15 години

Пол Пирс - икона на Бостон веќе 15 години

Written By Anonymous on 2.12.12 | 22:07

Пол Пирс веќе деценија и пол е член на Бостон каде има статус на легенда. Сепак како дете, Пол ги мразеше Селтикси, а пред 12 години едвај преживеа напад во Бостонски ноќен клуб каде е избоден со нож 11 пати...

Пол Пирс (35) е веќе 15 години заштитен знак на Бостон. Кај сите тие што следат НБА, прва асосцијација на Келтите е овој човек кој цела кариера ја помина во зелениот дрес. Иако, Гарнет Рондо и останатите играчи на Селтикси се квалитетни играчи, не се поставува прашањето кој ќе ја преземе контролата на топката кога треба да се решава натпревар. Токму поради таквите работи Пол е легендата во тимот.

Детството го помина во Инглвуду, предградието во Л.А каде не беше најзгодно место за растење. Секојдневното одмерување на криминалците и многубројните наркодилери беа пречка Пирс да живее како што сака. Неговиот сон беше друг, сакаше да стане новиот Меџик Џонсон.

“Нестрпливо ја очекував финалната серија помеѓу Бостон и Лејкерс во 1987 година. Ги обожавав Лејкерси, а посебно Меџик, додека Бостон го мрзев од дното на мојата душа. Но гледајте, тоа не ми смета веќе 15 години да играм за Келтите.“ - вели Пирс.

Лидерските способности ги покажа во средната школа Инглвуд, па во 1995 е викнат на Мекдоналс турнирот за млади таленти каде учествуваа и Винс Картер, Стефон Марбури, Ентоан Џејмисон и сегашниот соиграч Кевин Гарнет. После средната школа оди на унверзтитетот Канзас (дипломираше за криминалогија) со кој во 1997 и 1998 влезе во најдобрите 12 колеџи на САД, а на два пати беше и МВП.

Одликуван со неверојатна сила и брзина, кошаркар кој е висок над два метри, така да стручњаците планираа да биде високо одбран на НБА драфтот. Како 10 пик во 1998 година го избраа Селтикси, а остантото е историја. Деценија и пол ги брани боите на тимот од Масачусетс, а освои и една титула. 10 пати е член на Ол Стар натпреварот, а има фантастични бројки во кариерата - 22 поени, 6 скока и 3.8 асистенции.

Иако живее прилично мирен живот, неговата животна приказна можеше да биде завршена на најсуров можен начин. Септемвриската ноќ 2000 година, која сакаше да ја помине во еден нокен клуб “Баз“, можеше да му биде и последна. Избоден е со нож 11 пати, од кој еден убод му го проби и плучното крило, додека главата му беше разбиена со шише шампањ. Се зборува дека организаторо на нападот бил човек која сестра се забавувала со Пирс, кој подоцна ја изневерил. Напаѓачите покасно се фатени и тужени, а сериозноста на ситуацијата најдобро ја кажува докторот кој го оперираше.

“Мислам дека Бог сакаше да го остави на земја, бидејќи ова се повреди кој 99%  се смртни.“

За иронијата да биде уште поголема се опорави со неверојатна брзина и таа сезона беше единствен играч кој не пропушти ниту еден меч. Сепак не се ради за проблематичен човек, најдобро покажуваат неговите активности надвор од теренот. Основач е на организацијата “Вистина“ (по сопствениот прекар), кој има центар во неговиот роден крај - Инглвуду. Главниот програм на органзацијата е да ги тргне младите од улица, и да ги насочи кон светла иднина.

“Не е важно дали детето има желба да биде врвен кошаркар или работник во супермаркет. Важно е тоа да ги заработите парите чесно и да се тргнете од криминалот. Да се биде дилер, наркоман или убиец скоро да нема разлика бидејќи тие патови водат во пропаст. Имав среќа во животот да заработам доста пари, па да на овој начин да им помагам на децата. Мислам декеа ова е морална обрска на секој кој има слични услови.“ - објаснува Пол Пирс.

Прекарот “Вистина“ го доби од Шекил О’Нил, кој додека ги бранеше боите на Лејкерси, после поразот од Бостон, го повика локалниот новинар и му рече :

“Запишете го ова, Пол Пирс е една вистина. Тој не игра добро, тој го уништува вистински противникот. Запамтете го ова што го велам, тој е...вистина.“ - рече Шек во свој стил.

0 comments:

Post a Comment