Home » , » И Џорџ Карл го забележил подобрувањето во играта на Ентони

И Џорџ Карл го забележил подобрувањето во играта на Ентони

Written By Unknown on 11.12.12 | 20:58

Кармело Ентони знаеше да го изнервира Џорџ Карл во неговите денови во Денвер, неиграјќи одбрана и шутирајќи долги скок-шутеви со дефанзивецот залепен до него.

На Карл му беше потребен еден Кармело Ентони кој ќе биде лидер на неговиот тим, на двата дела од теренот. Му требаше фокусот на Ентони од нападот да биде пренесен во одбраната. Му требаше вистински лидер, кој ќе ги прави сите оние мали нешто што ќе го однесат неговиот тим до следното ниво.

Или пак со пример, да се "нурнете" во публика борејќи се за една топка и повредувајќи го прстот поради тоа. Како што Мело направи на натпреварот против Шарлот.

“Кажав и порано дека чувствувам дека Кармело Ентони еден ден ќе стане шампион. Знаев дека тој ќе открие дека статистиките и бројките не се важни кога се победува.“ - изјави Џорџ Карл.

Ентони се врати од ОИ во Лондон ова лето, дружејќи се со играчи како Коби Брајант, ЛеБрон Џејмс и уште неколку играчи кои освоиле прстен во своите кариери. Но Коби и ЛеБрон научиле како да се биде лидер и како се освојува шампионска титула. На тоа напорно работи Ентони и покажува големи знаци на подобрување.

“Oва можам да го кажам за многу играчи на кои што сум им бил тренер, но сепак неможам да зборувам за Чонси Билапс и Нејт МекМилан. Ова можам да го кажам и за играчи од типот на Гери Пејтон, Шон Кемп и многу други играчи.“ - додаде Џорџ Карл, зборувајќи за лидерството на играчите на кои што им бил тренер.

0 comments:

Post a Comment