Home » , » Брајант преку 30.000 поени, Џ.Р Смит им носи победа на Никси

Брајант преку 30.000 поени, Џ.Р Смит им носи победа на Никси

Written By Anonymous on 6.12.12 | 12:18


Богата беше оваа вечер, а најдобра вест сиугрно е веста по која Коби Брајант стана најмлад кошаркар на сите времиња со постигнати 30.000 поени во лигата.

Со тоа Брајант стани петтиот играч во историјата кој ја проби таа граница, а пред него тоа го направија Карим Абдул - Џабар, Карл Малоун, Мајкл Џордан и Вилт Чемберлајн.

Кон крајот на првиот дел на натпреварот со Хорнетс, во кој Лејкерси славеја со 103-87, Брајант тргна на влез, и од полудистанца погоди кош со кој ја помина магичната граница, а иначе беше инспириран во текот на целиот натпревар и го заврши со 29 поени, 6 скока и 4 асистенции. Имаше притоа и солиден шут од 10/17.

Њу Орлеанс, иначе водеше во текот на целото прво полувреме, но во продолжението Лејкерси заиграа подобро, се одвоија на +20 и стигнаа до победа, иако се на скор од 8-9. Треба да се спомнат и 18те поени, 8те скока и 5те блока на Двајт Хауард.

Победничката серија ја продолжи тимот на Никси кој славеше на гости кај Шарлот со 100-98. Пред самиот крај на натпреварот се повреди Мело, кој и покрај повредата на раката имаше 23 поени. Кога веќе не беше на паркетот, последниот напад го водеше Џ.Р Смит и му донесе победа на својот тим.

Домаќините ја имаа победата во рацете, бидејќи водеа во завршницата, а го имаше и последниот напад. Но, 12 секунди пред крајот играчите на Шарлот ја загубија топката и притоа примија кош.

По два натпревари суспензија во редовите на Бостон се врати Ражон Рондо, кој со 17 поени и 11 асистенции му помогна на тимот во победата над Минесота со 104-94. Но, прво име на Бостон беше Кевин Гарнет со 18 поени, 10 скока и 4 асистенции кој немаше милост против својот бивш тим. Гранет, да потсетиме целата НБА кариера пред да дојде во Бостон ја помина во Минесота Тимбервулвс.

При врвот на Западот и натаму се држи Сан Антонио кој дома ги победи Бакси со 110-99, па и Клиперси кој лесно се справиа со Далас во Стејплс Центарот - 112-90. Најдобар кај Клиперс токму беше и Крис Пол кој имаше 14 поени и 13 асистенции.

Денешни Резултати :


Шарлот Бобкетс 98-100 Њу Јорк Никс
Индијана Пејсерс 99-92 Портланд Траил Блејзерс
Бостон Селтикс 104-94 Минесота Тимбервулвс
Детроит Пистонс 97-104 Голден Стејт Вориорс
Атланта Хокс 108-104 Денвер Нагетс
Кливленд Кавалирс 85-95 Чикаго Булс
Њу Орлеанс Хорнетс 87-103 Л.А Лејкерс
С.А Спарс 110-99 Милвоки Бакс
Јута Џез 87-81 Орландо Меџик
Сакраменто Кингс 107-100 Торонто Репторс
Л.А Клиперс 112-90 Далас Маверикс

0 comments:

Post a Comment