Со оглед на тоа што немаше никакви понуди, Фишер реши да најде било какво решение само за да не остане како слободен играч.
Тренерот на Мавс, Рик Карлајл пак го изненади Дерек со неговото добредојде. Впрочем тој го назначи за стартер во неговиот тим. Од Фишер се очекуваат добропознатите негови особини да се остварат како: желба, лидерство и цврстина на плејмејкерската позиција.
“За слободен играч што седел на страна толку време, Фиш е во одлична форма и се гледа дека работел напорно на себе. Тој заврши на одлично место и сум сигурен дека ќе добиеме добра помош од него.“
Тоа преведено значи дека експериментот со Дарен Колисон заврши. Бројките на Колисон оваа година се израмнети со неговите просеци во кариерата, но од него се очекуваше повеќе. Доаѓањето на Фишер ќе биде од корист и за младиот плејмејкер бидејќи тој ќе добие искусен совет и доста време од клупата за да влезе во игра свеж и да го даде својот максимум.
0 comments:
Post a Comment