Home » , » Барњани :“Разочаран сум оваа сезона“

Барњани :“Разочаран сум оваа сезона“

Written By Anonymous on 5.12.12 | 23:42


Тимот на Торонто Репторс е во лоша ситуација, моментално се на последното место во Атлантик дивизијата во Источната конференција со само четири победи во 18 натпревари. Поранешниот прв пик на драфтот Андреа Барњани (27) признава дека не му се допаѓа текот на случувањата во оваа сезона.

Единствениот претставник од Канада во НБА лигата оваа година не игра како што тимот очекуваше. Тимот победи само четири пати од 18 обиди, а во раководството на клубот очекуваа поинаков расплет оваа сезона овој тим да се вмеша во борбата за плеј-оф. Таквата ситуација го загрижи и еден од најдобрите играчи на тимот, италијанскиот репрезентативец Андреа Барњани.

“За мене лично, оваа сезона е многу чудна, играм многу забележително по системот топло-ладно. Една вечер постигнувам 34 поени, а друга само четири. Потоа постигнувам 21 поен, па повторно четири. Претходниот натпревар дадов 23 коша. Се ме потсеќа на некој вид шега. Работите не се одвиваат најдобро ни за мене ни за Торонто. Во се има удел и психологија, мислам дека работите се одвиваат по Марфиевиот закон: “Се што може да тргне наопаку - ќе тргне наопаку“, рече Барњани и додаде:

“Мораме да најдеме начин да играме подобро дури и во овие најлоши ситуации. Играме лошо, сите во тимот играме многу лоша кошарка, но ние не сме кошаркари вплеткани во оваа мрежа на безнадежност. Слушнав некои озборувања дека јас ќе бидам трејдован. Не бев изненаден од тие озборувања. Факт е дека кога на тимот не му оди, потребни му се промени. Целосната ситуација во тимот е лоша“, искрен е италијанскиот репрезентативец кој нагласува дека Торонто се надевале на успешна сезона:

“Очекувавме многу од оваа сезона. Навистина се надевавме на добар резултат. Не влеговме во плеј-оф во последните четири години, и моментално сме најлошиот тим во НБА лигата, единствено се полоши Вашингтон Визардс. Претходната година, тимот имаше свој идентитет. Победувавме со добра одбрана. Оваа година дури и тоа го немаме“, огорчен е Барњани кој подвлекува:

“Немаме воопшто идеја како да дојдеме до добри игри кои би довеле до тоа да постигнеме многу поени на противниците. Искрено, не знам што е причината од сето тоа. Имаме нови играчи, речиси целосната стартна петорка се промени. Ги променавме и нашите позиции, јас не сум веќе центар, Хосе Калдерон игра резервен плејмејкер... Свесен сум дека ова е почеток на сезоната. И понатаму имаме шанси да направиме впечаток, но јас сум многу разочаран“,

рече Барњани кој оваа сезона просечно постигнува по 17.4 поени и фаќа по 4.5 скокови. Инаку, во последно време се погласно се зборува за способноста Лејкерси да го трејдоваат Пау Гасол во Торонто, а за возврат да го добијат Барњани кој иако е висок 213 сантиметри игра повеќе како бек наместо како просечен центар. Всушност ваков тип на играч е по вкусот на тренерот Мајк ДиЕнтони.

0 comments:

Post a Comment