Home » , » Роуз сеуште далеку од враќањето

Роуз сеуште далеку од враќањето

Written By Anonymous on 18.12.12 | 16:58


Навивачите на Чикаго Булс со нетрпение го исчекуваат враќањето на МВП-то од 2011 година, Дерик Роуз. Надежта на фановите додатно се зголеми со фактот дека на паркетот пред некое време се врати и Рики Рубио кој отсуствуваше 9 месеци поради повреда на лигаментите на коленото.

Сепак, како што стојат работите Ди Роуз и натаму е со километри далеку од интензивните тренинзи и не е во можност да работи со полна пареа. Тренерот на Чикаго Булс, Том Тибодо вели дека на лекарскиот тим му се врзани рацете и дека не можат да сторат ништо за да го “убрзаат“ враќањето на Роуз на паркетите.

“Навистина, не можеме да сториме ништо за да Роуз се врати побрзо. Тоа што се врати Рубио е сјајна работа, но секој играч има свој метаболизам и секој се опоравува со поинакво темпо. Сепак, среќен сум што се врати Шанецот, сигурно неговото присуство многу допринесува во Минесота. Но покрај се, многу ми е жал за она што му се случи на Роуз“,

вели Том Тибодо и додава:

“Она што во овој момент е важно дека тој се опоравува добро. Мораме да бидеме стрпливи и да го пуштиме да го работи тоа што мора и треба. Сеуште е со километри далеку од враќањето. Мора да работи други вежби кои немаат врска со теренот“,

вели Тибодо. Плејмејкерот на Чикаго се повреди во првиот круг од плејофот во првиот натпревар со Филаделфија. Лекарите предвидоја дека му следи пауза од 12 месеци. Пред неколку недели Роуз за прв пат по повредата беше со тимот и одработи нешто полесен тренинг. Мешутоа, како што вели тренерот на Чикаго тоа ниту одблиску не изгледало како тренинг.

“Гледајќи од аспектот на тоа како се опоравуваат во денешно време, таа постапка оди брзо. Дури некои и играат подобро по тешките повреди. Единствено што можеме сега е да се надеваме дека Роуз ќе заигра пак како што беше, па дури и подобро. Веруваме дека ќе се врати со полна пареа.“,

смета Тибодо. На листата на повредените во Чикаго е и бек-шутерот Рип Хамилтон.

0 comments:

Post a Comment