Home » , » Џералд Валас: “Играме себично, затоа губиме натпревари“

Џералд Валас: “Играме себично, затоа губиме натпревари“

Written By Anonymous on 27.12.12 | 22:29


Крилниот кошаркар на Нетси, Џералд Валас е уверен дека знае во што е главната причина и зошто новоформираниот тим во Њу Јорк губи натпревари. Тој смета дека најголем проблем е тоа што не ја делат топката и тоа што кошаркарите на тимот не можат да си направат позиција за шут...

Тимот на Нетси одлично ја отвори сезоната, во еден момент беа лидери во Атлантик Дивизијата со учинок од 11-4. Меѓутоа, тогаш почнаа катасторфално да паѓаат. Тимот почна да губи натпревари, најпрво се побуни ѕвездата на тимот Дерон Вилијамс кој оштро за играта го критикуваше тренерот Ејвери Џонсон. Потоа Нетси запишаа уште неколку поради, стигнаа до скор од 14-14, а за слабите резултати плати тренерот кој беше отпуштен токму денес.

“Ние сме далеку подобри отколку што кажува табелата. Јас сум многу разочаран поради поразите, поготово на начинот кој ги губиме. Скоро е неверојатно дека до сега сме на слична позиција како и минатата година, а имаме далеку подобар тим“,

почна Џералд Валас. А состојбата во табелата дебело се промени во однос на стартот на сезоната. Тимот е сега трет во својата дивизија, има половичен успех, а атмосферата во тимот е се полоша и полоша.

“Со квалитетен тим како што е нашиот, би требало да бидеме таму каде што бевме на почетокот. Сите го видоја нашиот потенцијал. Сите видовте колку сме талентирани. Но сепак, губиме натпревари. И знам зошто е така. Тоа е затоа што секој од нас има големо его. Тоа е затоа што моето “јас“, моето “Валас“ е поголемо од тимот. Премногу сме себични“,

смета Валас. Овој кошаркар смета дека тука не е крај на маките на тимот од Њу Јорк:

“Сега имаме и нови проблеми. Ни опадна духот, останавме без самодоверба, сега тоа ни е главен проблем. Тимот нема доволно самодоверба - тие не се прав тим. Мораме да го вратиме стариот концепт, мораме да влеземе во ритам. Мораме да играме по системот “сите за еден, еден за сите“. И во нападот и во одбраната. Нас топката ни стои во нападот, а би требала да се врти, би требало сите секогаш да гледаме прво на умот да ни е пасот“,

вели разочараниот Џералд Валас. Искусниот кошаркар вели дека и натаму можат да се свртат работите и дека Нетси можат да се вратат на стариот пат:

“Мораме да направиме се што е во наша моќ за да имаме самодоверба едни во други. Свесен сум дека тоа не е лесна задача. Сите сме свесни што треба да се прави, можеме за тоа да зборуваме, но мораме на теренот да ја докажеме нашата предност. Не смееме да си дозволуваме луксуз кога ќе одиграме добра четвртина или одлично полувреме, а потоа да се свртиме кон нашата себична игра. Тоа сигурно нема да не однесе никаде“,

заклучува Валас.

0 comments:

Post a Comment