Home » , » ‎500.000 проблеми на Родман

‎500.000 проблеми на Родман

Written By Anonymous on 7.12.12 | 18:18


Денис Родман (52) кој покрај добрите скокачки способности, љубителите на кошарката го познаваат и по многубројните тетоважи, пирсови, фарбање на косата и иксцентричното однесување, ќе мора на својата бивша жена да и исплати 500.000 долари. 

Доколку не ги исплати парите, кои се наменети за издржување на неговите деца, на Родман му се заканува затворска казна.

Иако првата сума беше поголема, околу 850 илјади долари, Денис и неговата сопруга Мишел се договориле на цена од 500 илјади долари. Родман веќе имаше проблеми поради избегнување на финансиските обврски за децата.

Родман, “лошото момче“ со Детроит Пистонс освои два шампионски прстена и три со Чикаго. Бивша сопруга му е глумицата Кармен Електра. Родман во изминатите месеци имаше проблеми и со полицијата поради организирање на гласни журки.

0 comments:

Post a Comment