Home » , » Ален Ајвесон “гол како пиштол“, остана без пари во џебот ?

Ален Ајвесон “гол како пиштол“, остана без пари во џебот ?

Written By Anonymous on 7.12.12 | 19:50

Тешко време стигна и на прагот на легендата на НБА кошарката, Ален Ајверсон.

Економската криза чука на вратата на поранешниот МВП од 2001 година, Ален Ајверсон. Имено, овој кошаркар се наоѓа во ситуација неговите месечни трошоци да не може да си ги плати.

Играч познат под прекарот “И3“ кој последниот ангажман го имаше во Бешикташ 2011 година моментално заработува 62.500 долари месечно. Меѓутоа, тоа што му прави главоболки на Ајверсон е фактот дека на луксузниот живот троши дури 358.376 долари.

Ова секако е ситуација од која Ајверсон тешко ќе излезе, но неговата луксузна работа е тоа што го поседува неговиот Мајбах.

За финансиските проблеми на овој кошаркар се дознало кога го однел својот документ во судот во Џорџија на кој пишува за развод со својата сопруга Тајван Ајверсон.

Инаку, познавајќи го својот темперамент кон големото трошење на доларите (а и можда и другите валути) Ајверсон пред неколку години во банка заложи сума од околу 60 милиони долари. Единствениот проблем е тоа што оваа сума на пари е орочена и повторно ќе може да биде во раката на Ајверсон дури и тој ќе има 56 години.

Сепак, до тој момент популарниот “И3“ ќе мора да почека уште 19 години, а како планира да го “истурка“ овој кризен период, ни останува да почекаме.

0 comments:

Post a Comment