Home » , » Крис Пол и ЛеБрон Џејмс именувани за играчи на неделата

Крис Пол и ЛеБрон Џејмс именувани за играчи на неделата

Written By Unknown on 24.12.12 | 23:50

ЛеБрон Џејмс од Мајами Хит и Крис Пол од Лос Анџелес Клиперс беа именувани за играчи на неделата во источната, односно западната конференција, за натпреварите одиграни од 17ти до 24ти Декември.

Џејмс ги одведе своите Мајами Хит до рекорд од 3-0 низ минатата недела, седмица во која бележеше по 25.3 поени, 7.7 асистенции, 8.0 скока и 1.67 блока по натпревар. Го предводеше својот тим во скокови во секој натпревар од минатата недела, додека го надополни и рекордот од +20 поени на сите 24 натпревари оваа сезона, со што само го изедначи најдолгата серија со 20+ натпревари на Карл Мелоун од сезоната 1989/90. 

И додека Клиперси одиграа еден натпревар повеќе од Мајами минатата недела, тоа не беше проблем за Крис Пол да му помогне на својот тим да забележи победа во секој натпревар изминатата седмица. Пол беше фантастичен со 16.3 поени, 11.3 асистенции и 3.5 украдени топки. На 3 натпревари имаше дабл-дабл учинок, додека имаше 5 украдни топки на два натпревара за Клиперс минатата недела. Исто така, Крис Пол е главна причина зошто Клиперси моментално имаат победничка серија од 13 последователни натпревари, нешто што трае повеќе од една недела.

0 comments:

Post a Comment