Њу Јорк Никс се едни од најдобрите тимови оваа сезона и се наоѓаат на врвот на табелата во источната конференција.
Никси моментално имаат 20 победи и 7 порази, што значи дека имаат 2 повеќе победи, но и еден вишок пораз, за разлика на рекордот од 18-6 на Мајами Хит. Да не ги заборавиме и двете победи од 20 поени разлика над шампионот Мајами Хит, што им значеја многу на играчите на Никси.
Сега, кога Њу Јорк докажа дека е тим од шампионски калибар, очекувањата се повеќе и повеќе се зголемуваат. Но Кармело Ентони и останатите Никси ги прифаќаат и не ги избегнуват сите тие високи очекувања.
Во интервју со „ESPN“ Кармело Ентони детално ја покажа визијата за неговите Никси оваа сезона, велејќи дека влез во длабокиот дел од плејофот би требало да се очекува од нив.
“Приоритет ни е да ја освоиме дивизиската титула и да влеземе длабоко во плејофот, се до Финалињата на источната конференција. Се' под тоа е неприфатливо и разочарувачко.“
“Гледајќи од играчка страна, навистина е неприфатливо да не ги исполните високите очекувања со пласман барем со Финалето на истокот. Со тимот кој што го имаме, со играчите, со ростерот, со тренерскиот состав, навистина е неприфатливо.“ - изјави Кармело Ентони во интервјуто со Стивен А. Смит од „ESPN“.
0 comments:
Post a Comment