Home » , » Прв трипл-дабл за Паркер, Мајами подобар од Атланта

Прв трипл-дабл за Паркер, Мајами подобар од Атланта

Written By Anonymous on 11.12.12 | 15:07


tony-parker
Тони Паркер го оствари првиот трипл-дабл учинок во НБА кариерата на гостинската победа на Спарси над Хјустон со 134-126. Даде 27 поени со по 12 скока и асистенции.

Голема вечер имаше 30 - годишниот плеј на Спарси кој ги донесе до 5тата победа во низа. Тимот сега води во лигата со скор од 18-4. Хјустон (9-11) го претрпе 3тиот пораз во нива. Сметајќи ја и минатата сезона на Рокетси ова им беше 5ти пораз во низа во натпреварите кој се решаваа во продолжение или продолжениа.

Паркер е првиот играч на Спарс со трипл-дабл учинок после трипл-даблот на Тим Данкан од 2010 година против Голден Стејт.

Гери Нил даде 29 поени за Спарси, што е негов најдобар учинок во кариерата. Погоди 7 од 10 тројки. Ману Џинобили додаде 22 поени, 6 асистенции и 5 скока. Кај домаќините, кој им недостасуваше најдобриот стрелец Харден поради повреда, најдобар беше Џереми Лин со 38 поени. Шутираше 11/21 од игра и 4/5 за три поени. Исто така имаше и 12/12 од слободни фрлања. Додаде и 7 асистенции. Ова беше негов најдобар натпревар од кога се приклучи на тимот од Тексас.

Мајами како домаќин ја совлада Атланта со 101-92 со 27те поени на Џејмс и 26те на Двејн Вејд. Комбинирано шутираа 21/29, Џејмс 10/16 (додаде и 7 скока и 6 асистенции), а Вејд 11/13. Дома Мајами има 10 победи и само еден пораз. На Хокси ова им беше веќе 2 пораз од 11 натпревари. Беа предводени од Џош Смит со 22 поени и Ал Хорфорд со 20 поени и 11 скока.

Стеф Кари додаде 27 поени со 7 скока и 7 асистенции во гостинската победа на Голден Стејт над Шарлот со 104-96. Кари кој порасна во Шарлот, ова му беше 8ми натпревар во низа со барем +20 поени што му е најдобра серија во кариерата. Ова на Вориорс им беше 7ма победа од последните 8 натпревари. Напредоваа со 4-0 на Истокот. Кемба Вокер даде 24 за Бобкетси кој го претрпеа 8миот пораз во низа и сега се на скор од 7-13.

Далас дома го совлада Сакраменто со 119-96. Тоа беше 17та победа на Маверикс против Кингс кога се во прашање натпреварите на Далас во освновниот дел од сезоната. О.Џ Мејо даде 19 поени за Далас, Франциско Гарсија и ДеМаркус Казнс имаа по 25 за гостите.

ЛаМаркус Олдриџ даде 30 поени со 12 скока во домашната победа на Блејзерси над Репторси со 92-74. Филаделфија пак на свој паркет го совлада Детроит со 104-97.

0 comments:

Post a Comment