
Реџи Луис го привлекуваше вниманието уште во средношколските денови. Беше ѕвезда на Дунбар, средното училиште од Балтимор. Опкружен со таленти, идни НБА ѕвезди како Магзи Богус, Реџи Вилијамс и Дејвид Вингејт, Реџи Луис се издвојуваше како лидер на тимот. Лидерот на тимот кој стигна до сјајната низа од 50 победи по ред. Поради сјајните партии често името на Реџи беше споменнувано во новинарските престижни листови. Неговата кариера беше на одличен пат, сета своја енергија ја користеше на НЦАА паркетите. Играјќи за колеџ тимот Нористерн Реџи Луис стана најдобар играч и стрелец на сите времиња на овој факултет, но остана и забележан како 9ти стрелец на НЦАА на сите времиња.
Некогаш бројките зборуваат за самиот играч. Тоа беа сјајните цифри на Реџи Луис, 22.2та поени по натпревар ги натераа скаутите на НБА да се распрашуваат за овој играч. А скаути имаше многу. На колеџот го носеше бројот 35, а за се што пружи за екипата во негова чест овој број е повлечен...
Играјќи на позицијата ниско крило, овој 201 цм висок играч лесно стигна до НБА лигата. Екипата на Бостон препозна квалитет во него и го зеде во 1987 година како 22 пик. Спремен беше да учи и напредува. Луис лесно се прилагоди во тимот на “зелените“. Веќе по првата сезона Лери Брд се повреди и Реџи имаше шанса да се докаже и да ја искористи шансата. Бројките не лажат. А велат дека во втората сезона овој ол-араунд играч бележеше 18.5 поени, 4.7 скока и 2.7 асистенции, 1.5 украдени топки и 1.5 блока. Стручњаците му завидуваа поради фантастичните предпозиции кој човекот ги користеше и беше изненадување во сезоната 1988/1989...
Решен беше да продолжи таму каде што застана, Реџи слични бројки имаше и во следната година. Беше стартер, тимот имаше голема доверба во младата ѕвезда која на теренот ги мина сите 82 натпревари. Во почетокот на 90’години, навивачите на Бостон не го обожуваа веќе големото трио. Сите правци беа кон Реџи Луис. Новопечената слава пробуди во овој играч глад за докажување, неговата улога на теренот стана фундиментална, беше лидер. На крајот на сезоната Реџи Луис стана единствениот играч во историјата на Бостон кој во една сезона имал над 100 скока, 100 асистенции, 100 украдени топки и 100 блока. Како награда за ова стигна поканата за Ол Стар.
Добрите партии од регуларната сезона ги продолжува во плејофот. Талентираниот човек беше решен да им докаже на сите во Бостон да не се грижат за својата иднина. Тие кој го познаваа велеа дека прв доаѓал на тренинг, а последен заминувал. Во теретаната станал инветар, покрај бенч-клупите и теговите, вежбал многу напорно. Вредната работа донесе резтултати. Реџи со времето се стабилизира како играч кој ќе ја преземе одговорноста кога треба да се решава натпреварот, клучните напади беа решавани преку него.
Истата година, практично на свои раце, Луис го однесе Бостон до плеј-офот, навачите го скандираа неговото тим. Тој им враќаше со просек од 28 поени во првите две серии со Пејсерси и Кавалирси вклучувајќи и три меча со +30 и една средба со 42 поени. “Големото Трио“ отиде во пензија. Навивачите на стравуваа бидејќи Лери Брд имаше повреди со грбот, годините го стигнаа Кевин МекЕјл... Тимот имаше нов капитен и нова ѕвезда. Бостон го имаше Реџи Луис.
Да се носи капитенската лента во Бостон е чест за секого. Голема привилегија, но и уште поголема обврска. Реџи одлучи да не ги разочара навивачите. Напорните тренинзи ги правеше уште понапорни, трчаше се повеќе, минутите наменети за трчање ги претвори во саати. Тератаната не ја напушташе. Вредната работа резултираше со најдобрата негова сезона : 20.8 поени, 1.5 украдени топки, личен рекорд од 3.7 асистенции и сјаен процент на шут од линијата за слободни фрлања со 87%... Реџи со еден збор беше незаменлив, а доказ за тоа беше дека тој беше петти по минути одиграни таа сезона. Меѓутоа, тестот доаѓа во плејофот.
И потоа следеше голем шок за целокупната организација и јавноста во тоа време. Огромниот напор и натпреварите му ја земаа целата енергија на овој човек. По само 13 минути поминати на паркетот во 1993 година со Шарлот Хорнетси, на кој имаше веќе 17 поени, неговото тело не издржа. Во еден момент само колабираше. Следеше молк во салата. Молк и несвестица. Збунетите луѓе некое време чудно гледаа во младиот играч кој падна на средината на теренот. Никој не знаеше што се случува и како да реагира. Покрај тоа, Луис е одведен во болница. За тоа време Селтикси успеаа да слават против Хорнетси. Меѓутоа без капитенот, ги изгубија наредните 3 натпревари и испаднаа.
Во болницата настана прав хаос. Околу ѕвездата на Бостон се собраа најдобрите лекари, но никој со сигурност не можеше да каже за што се работи. Мислењето, различните дијагнози и тагата само ја подреваа и така жешката атмосфера. Најмногу лекари велеа дека има проблем со срцето. Се сомневаше дека овој човек има пореметено срце под називот “спортско срце“. Ова настануваше кога играчот премногу се напорува. Првите дијагнози викаа дека Реџи Луис се наоѓа во ситуација опасна по живот. Клупските лекари предлагаа радикални мери - крај на кариерата и престанување со било какви физички активности.
Меѓутоа другите лекари стигнаа до втората дијагноза. Кардиолозите во болницата во која е одведен Реџи зборуваа дка ситуацијата не е лоша, дека е само губење на свеста.. Болест позната по името неурокардична сикопа. Според проценката на шефот на кардиолошката клиника во Бостон, докторот Џилбер Маџ, Реџи Луис беше здрав како дрен и би можел да се врати повторно на терените. Сепак, загрижен за својата состојба, Реџи Луис одлучи да побара ново мислење. Замина во ЛА за да добие дијагноза. Нажалост и во овој град докторите имаа “црно“ мислење. Капитенот на Бостон и неговата сопруга почнаа да се сомневаат дали ќе се врати некогаш во НБА лигата...
Уплаѓен за своето здравје, Луис сепак одлучи да се врати во Бостон. Од челниците на клубот бараше да му обезбедат кардиолог за секој меч. Овој пат немаше напорни тренинзи. Клупските доктори му препишаа смтриктан и посебен режим на тренинг верувајќи во својата неоптимистичка дијагноза. Здравственото здравје беше под надзор на докторот Маџ. По предлог на лекар од ЛА срцето на овој играч секогаш беше под лупа.
По првиот пекол кој го помина, последните резултати на лекарскиот тим сепак донесоја малку оптимизам во очите на Реџи. Во разговор со својот тренер од колеџ, тој истакна дека сигурно ќе се врати во сезоната 1993/1994 и дека повторно ќе блеска. На своите најблиски луѓе им рече дека сепак се работи за болест која брзо минува. Веруваше дека не е сериозно. Меѓутоа, кон крајот на јули 1993 Реџи Луис повторно колабираше. Овој пат по шутерскиот тренинг. И повторно заврши во болница.
Овој пат неговото срце не даваше знаци на живот. Време немаше, а секоја секунда одлучуваше за животот на ѕвездата. Многу доктори беа околу бесвесното тело на Реџи Луис. Неговото срце не чукаше. Лекарите пробаа со реанимација, но се беше залудно... Три сати по вториот колапс, Реџи Луис беше прогласен за мртов во својата 27ма година од животот. Поради развојот на франшизата, Селтикси се одлучија засекогаш да му го пензионираат неговиот дрес со број 35. Сепак тоа беше најмалото нешто што можеа да го направат за играчот кој ќе остане засекогаш во срцата на навивачите. Запамтен е како голема легенда. Нумериран не како човек со слабо срце, туку како човек што беше срце на тимот...


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment