Home » , » Мутомбо :“Тешко дека НБА лигата ќе најде подобар комесар од Штерн“

Мутомбо :“Тешко дека НБА лигата ќе најде подобар комесар од Штерн“

Written By Anonymous on 10.12.12 | 22:38


Дикембе Мутомбо Мполондо Мукамба Жан Жак Вамубомбо, или едноставно скратено Дикембе Мутомбо и натаму е интересен за светската јавност. Играта во која Дикембе го спасува светот за четири недели, гагнам стајлот, филмовите со вампирските романси, достигна неверојатна популарнот и покрај тоа што квалитетот на графиката делува како играта да е од порано.

“Играта е интересна. Сите знаеме дека Маите го предвидуваат крајот на светот за 21 декември. Зато сум и тука, да спречам да се случи тоа.“ - вели Мутомбо кој потоа се сврте кон посериозни теми.

“Ја следам НБА лигата и посебно сум среќен поради напредокот на Серж Ибака. Тој е човек од Конго, од мојот двор. Вреден е, брзо учи и игра одлично. Се надевам дека ќе продолжи во тој ритам. Што се однесува до другите играчи, малку ме загрижува Двајт Хауард. Очекував повеќе од него, но треба да му се даде време, бидејќи во Лејкерси нема хемија. Играчите и тренерот сеуште се запознаваат и мислам дека наскоро ќе биде на високо ниво.“ - смета Дикембе.

На прашањето дали ќе видиме како Штерн се повлекува од НБА лигата, или ќе дојде крајот на светот Дикембе вели :

“Тој е комесар веќе 28 години, и работата ја врши на најдобар можен начин. Не верувам дека ќе се појави некогаш како него. Мислам дека играчите треба да се среќни што го имаат, и никој не смее да се жали. Ја популаризираше модерната кошарка, навивачите, постојат толку работи што ги направил, не знам од каде да почнам, а каде да завршам.“ - објаснува Мутомбо, и за крај додава дека се надева дека ќе биде успешен во својата хуманитарна работа :

“Како кошаркар од Африка, кој направи име во светот, сфатив дека можам да им помагам на луѓето од мојот континент. Видите имаме многу проблеми во Египет, Либија, Тунис, Мали, Сенегал, Конго... Децата и жените страдаат во крвавите обрачи на бунтовниците. Се надевам дека мојата работа ќе им помогне на загрзоените и ќе им отвори нова шанза на луѓето во Африка.“ - заклучи бившиот 4 - кратен најдобар дефанзивец на лигата.

0 comments:

Post a Comment