
Актуелниот првак Мајами Хит е поразен на свој паркет од се подобрите и подобрите Голден Стејт Вориорс со 97-95. Иако шампионот имаше предност од 95-91 во последните две и пол минути, Мајами до крајот остана без поен, додека Голден Стејт даде 6, а клучниот шут дојде на 0.9 секунди до крајот.
Џерет Џек финтираше за три поени, влезе за два, но под кошот сјајно беше поставен дебитантот Дрејмонд Грин, кој со краток допир ја проследи топката во кошот за голема победа.
На Хит не му помогнаа ниту 31 поени на ЛеБрон Џејмс, кој во последниот напад промаши шут за продолжение. Во победничките редови сјајни беа Клеј Томпсон и Дејвид Ли, кој искомбинираа 49 поени. Томпсон, кој ја игра својата втора сезона, даде 27 поени, 7 скока и 4 асистенции, доека Ли имаше 22 поени и 13 скока.
За Западот вториот и третиот тим доживеаа неочекувани порази. Мемфис е поразен на гостувањето кај Санси со 82-80, додека Сан Антонио загуби кај Јута со 99-96
Јунак на победата на Санси беше Горан Драгиќ кој на пола секунда до крај им ја донесе 8мата победа на својот клуб оваа сезона, и ја прекина серијата од 7 порази во низа.
Возбудливо беше во Салт Лејк Сити во натпреварот помеѓу Спарси и Џез, натпревар кој ео длучен со звукот на сирената. Мо Вилијамс ја даде првата тројка за него на вечерта и со истекот на времето погоди за голема победа на својот тим.
Гостите имаа и 7 поени предност во 4/4, но Јута во самата завршница играше добра одбрана и следеа неколку украдени топки, а потоа и поени. Резултатот беше 96-96. По тоа следеше споменатата тројка на Мо Вилијамс.
Imali su gosti i sedam poena prednosti u posljednjoj dionici, ali je Jazz u samoj završnici “stisnuo” obranu, te s nekoliko ukradenih lopti, a potom i ubačaja, poravnao na 96:96. Nakon toga uslijedila je već spomenuta trica Williamsa.
Кевин Дурант беше на висина на задачата кога даде 35 поени и фати 9 скока под обрачите. Ниту еден друг играч на Тандер не беше расположен изминатата вечер, освен Кевин Мартин, кој беше втор најдобар стрелец на натпреварот со 17 поени.
Денешни Резултати :
Торонто 88-94 Бруклин
Орландо 80-86 Атланта
Индијана 96-81 Кливленд
Филаделфија 89-96 Чикаго
Шарлот 94-100 Л.А Клиперс
Мајами 95-97 Голден Стејт
Бостон 117-115 Далас
Милвоки 98-85 Сакраменто
Хјустон 99-93 Вашингтон
Оклахома 92-88 Њу Орлеанс
Феникс 82-80 Мемфис
Јута 99-96 Сан Антонио


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment